Повеќето умни зборови ги потрошив
За бракот за работата за нацијата
Нешто подобрив а нешто влошив
Ништо не сменав во тоталитаризмот и анархијата
Простиот плебс, глупата без’рбетна маса
Сеуште се надева и во говори верува
А змијата кога е во тесно каса
И лавот бега кога оружје во него се вперува
Нема да ви кажам шо сакам да кажам
Вие сте сепак доста умна нација
Вистина ви зборувам и тогаш кога лажам
Минхаузен тука би имал слаба репутација
Народов македонски е чудно племе
Ти го дупиш а тој усте бара
Не му е важно кој невиност ќе му земе
Со секој е спремен за дупење да прговара
ОК добро е во дијалог да влезиш
Но најбитно е дали ќе профитираш
Или на крајо будала ќе излезиш
И потоа со ММФ ќе се санираш
Девизна дупка од 50 милјони марки
Кај ни се парите - пиштат милјонерите
Тетин кај ви се сега вашите арки
Шо се пулите бе а шо се ѕверите
Овци сте биле и овци ќе останите
И јас сум и мене ова индирекно ми штети
И пак сте спремни да им верувате на стопаните
И пак сте спремни да им носите штафети
И Киро и Бранко и Стојан и Ѕинго и Тито
И разбира се деструктивната опозиција
Не се имуни на корупција и мито
Кога ќе се најдат во 5%? позиција
Политиката е курва колку и уметност
Затоа е битно кој и како ја води
И набргу ќе се почувствува нејзината штетност
Ако место уметник курва ти се згоди
И то не шогоде ами курва со стаж
Со долгогодишно педигре комунистичко
Стар лисец мудрец превеан лаж
Рцидив на некое минато време политичко
И не знам зошто сево ова го пишувам
Не знам ни кому сево ова му е наменето
Знам само дека од убавото сега се лишувам
Бидејки одамна овде не е ништо изменето
Се’ е исто и сите се исти
Тврди народо за сите партии политички
И националисти и фашисти и комунисти
Карактерни пизди и духовни пички
Само неколкумина се со мадина
Само неколкумина имаат топки
Имаме прекраесен народ и златна младина
Со дух воспитан за подметнување сопки
Остаа бе рајата нека тони
Во својата глупост и беда нека се удави
Остаа џенем нека се гони
И 1-ви и 25-ти Мај нека ги слави
Во пирамидални системи нека штеди
И нека верува во мумии балсамирани
Господе Боже зборам но шо ми вради
Штетите од злото нема да бидат санирани
И денес парче секојдневие чапнав
За од него некава поезија да напрам
На врато на логореата баш сега и’ стапнав
И решив баш овде да запрам
25.3.97
3 comments:
pa rajata e raja. godini tursko malce bese.
malce e za narodot makedonski.
Udri Jove.
Post a Comment