Saturday, October 13, 2007

Си веруваат луѓето

И сеуште има негови верници
И денденес тврдат - Убаво ни беше
При секој бој со овие ветерници
Самиот себеси си изгледам смешен

И сеуште има идолопоклоници титови
Јас во осумдесетите бев исто така
Одамна имам раскрстено со тотеми и митови
Со српот, чеканот и црвената петокрака

1 comment:

Angela said...

Детството го поминав со Тито во срцето а детството шала не е.
Не исшколува без пари
а сега некој влице му плука и му се смее.