Friday, October 5, 2007

Јасно

Јасна е светлината
Јасен е и мракот
Јасна е иднината
А голем е меракот

Се’ е јасно само едно е големина
Меракот е голем по жени власт и пари
Меракот е голем во овие зли времина
Меракот што сега и овде со мене господари

Голем е и Бог и многу е јасен
Конкретен прецизен и точен
Одреден недвосмислен директен гласен
Лице в лице со вистината соочен

Ништо појќе ништо помалце ништо не фали
Секогаш на право место и во право време
А ние обичните дворски его будали
Се обидуваме Него да го спружиме на теме

Прости ми Господе во името на сите
Прости ми Господе прости ми за се’
Прости ми кога бесцелно ги врвам дните
Прости ми кога себеси се раскинвам на две

7.10.97

No comments: