Денот и ноќта во лимбо ми се споени
Гледам како децата мрсулите ги лижат
Ги арчам последните секунди одброени
Овците очигледно мора да се стрижат
Српските шовинисти се обидуваат да ме стресат
Албанските балисти ми ’рчкаат во раните
Грчките демократи сакаат да ме бесат
Од Б’лгарија ме дамнат гарваните
А мене ич око не ми трепнува
Нека дојдат ако се толку силни
Свеста во мене штотуку закрепнува
Од некои проблеми многу посуптилни
Јас се плашам од македонските шпиони
Мене ми е страв од веќе продаените
Ме фаќа паника од кралевите-пиони
И од оние национално неосознаените
Потрошив премногу тешки зборови
Очекувањата воопшто не ми се остварија
Од овие црвјосани трупци јаворови
Ќе ја доживеам последната човечка хаварија
No comments:
Post a Comment