Saturday, October 13, 2007

Последна опомена пред исклучување

Македонци македонци чукнете се по глата
Татковината ја делите ко арамии плен
На идните генерации им затворате врата
Го влечете последниот потег непромислен

Македонци Македонци пакост голема правите
Повторно тргнувате во нови и нови делби
Еден ден во матниот Вардар ќе ги удавите
Сите наши вековни стремежи и желби

Македонци Македонци кренете еднаш глава
И покажете со прст кон родопредавниците
На оние што тргуваат со нашите права
На оние што размислуваат со колениците

Македонци Македонци Јас Богот Перун ве колнам
Немојте да ја растргнувате македонската дума
Бидејки и Јас сум немоќен да ве засолнам
Од вашата душевно самоуништувачка чума

20.10.93

No comments: