Досадни си станваме едни на други
Често не мојме да се свариме
На сопствените слабости сме слуги
Меѓусебно пулиме да се насамариме
Одвратно себични саможиви себесдоволни
Глумци што играат улоги ситни
Бараме за себеси услови поволни
Заборавајки ги факторите животно битни
Место насмевка клештење пластично
Место љубов сексуална хемија
Човечкиот род изумира драстично
Од тешка душевна анемија
6.8.92
No comments:
Post a Comment