Friday, October 5, 2007

Извирање

Извира од длабочината на бесконечноста
Извира зборот со сета своја прекрасна убавина
И се обидува да ја отслика вечноста
А мене да ме земи на душа на правина

Извира зборот од мене, а јас се чувствувам стушено
Сите зборови и рими ми звучат некако излитено
Ко сето небо врз мене да е срушено
Бидејки однатре ме жежи железо усвитено

И извира таа лава со сета своја жештина
Клокоти зборот што со векови внатре спиел
А јас се чувствувам ко да немам доволно вештина
Да го изречам она што со безброј животи сум го криел

Тие се факт и затоа секој збор ме боли силно
Неизразлива е внатрешната рамнодушност блажена
Мирот во срцето и ова чувство преобилно
Неопислива е љубовта со која душава ми е оснажена

Вистина е дека зборовиве што сега и овде течат
Се капки од подземната река што постојано татни
Па сепак вистината нејзина не можат да ја изречат
Бидејки сите зборови на светов и веков се недостатни

15.7.2005

No comments: