Еднаш реков дека нема да се занимавам со негативното
Еднаш
реков дека нема во партии да се зачленувам
И дека
јас ќе се занимавам со своето, а тие со нивното
Арно ама
очигледно и јас почнав ставовите да ги менувам
Еднаш
Учителот ми рече: СЕ Е ПОЛИТИКА!!!
Еднаш Учителот ми рече: СИТУАЦИЈАТА Е БОГ!!!
Еднаш Учителот ми рече: СИТУАЦИЈАТА Е БОГ!!!
Господе
ѕверот во мене со примален крик рика
Те молам Господе овојпат не биди кон мене строг
Одамна се имам јасно и гласно национално определено
Те молам Господе овојпат не биди кон мене строг
Одамна се имам јасно и гласно национално определено
Во тоа време
ме обележаа како enemy of the state
Кога презреани ста(о)рци го водеа мојто племе зелено
Кога презреани ста(о)рци го водеа мојто племе зелено
И
спречија лавот да рика, а сонцето од Виргина да грејт
Ги
преживеав и ловците на октоподи и бугарофилите
И оние
со чисти раце, како и оние променетите
Многу
бесна крв тогаш ми протекуваше низ жилите
Да дај
Госпо кармата во овој живот да ја осетите
Ја
преживеав и големата транзиција – најтешката пљачка
Кога
потта и крвта на народот во приватни раце се прелеваше
Тогаш
во канџите нивни плебсот беше најобична играчка
Џабе
штрајкуваше, вриштеше и гласот свој го креваше
Го
преживеав и менувањето на името национално
Со заслуга на стариот лисец и неговата комунистичка свита
Со заслуга на стариот лисец и неговата комунистичка свита
Тогаш
коленичарите завзедоа и положение анално
А денес
се прикажуваат како државотворци и бизнис елита
Всушност,
насловот на песната ви е наменет токму вам
Вие кои
се’ што беше вредно за грст златници продадовте
Мене ми
е јасно дека своите битки пак ќе ги водам сам
Иако
етикетата државен непријател одамна ми ја кладовте
Скурчено
ми е веќе од прислушкувањето на мобилниот
И од
заканите на Двојче на мојот фејсбук профил
ГраНдоначелниче,
џабе глумиш паметниот и посилниот
Во туѓи
раце се наоѓаат картите од животниот шпил
И
администраторите на твојата фејсбук страница не се вечни
Нити е
вечен нивниот начелник, нити му е вечна фамилијата
Ало
началниче, остаревте, а уште не ви паднале забите млечни
Еден
ден и мене, а богами и вас, ќе ве однесе стихијата
Навистина
не знам која е целта на ова мое писание
Дали
мојто его сака да се курчи, а после јас по пичка да јам
Или
сакам врз јавното мнение да имам некакво влијание
Дали е
ова порака што сакам на идните генерации да им ја дам?
Факт е
дека органите на редот и мирот ќе ме прочитаат
Всушност,
одамна сум елабориран и ставен во некој ќош
Или
можеби кај двојче или кај началникот им ќе поитаат
Па ко
ќе дојди време однекаде в грб ќе ми забодат нож
Во
секој случај рабоќето на удолу имаат тргнато
Од ден
во ден се полошо и полошо му е на мојов род
Се’
живо и здраво преку граница има нагргнато
На
совршената политика на пастирот тоа е плод
И з’ш
бе јас се занимавам со сето ова македонско срање
З’ш ме
засегвит нивната политика антимакедонска
З’ш не мом да го трпам
нивното ментално мастурбирањеЗ’ш ме преплаввит океанов од мојва тага еонска
23.9.2016
No comments:
Post a Comment