Tuesday, March 12, 2019

Последната лебедова игра




Во последно време ѕверот многу ми е здивен
Не знам дали е однатре или однадвор испровоциран
Повторно и на мене а и на светот му е кивен
Тешко ми е да го контролирам кога е изнервиран

Со отровни политички содржини го хранам
Не знам зошто повторно се навраќам на тие теми
Знам дека е его потреба да напаѓам и да се бранам
Мислев дека сум ги надминал тие несвесни шеми

Не знам дали несвесно реагирам на фреквенциите
Што во етерот се згуснуваат од ден во ден
Или ми е скурчено од инклинациите и девијациите
Односно срањата на секој политички деген

Знам дека се’ тече, а ништо не се менува
Јасно ми е дека само 9 и 7.62 му се лекот
Треба да ги стемнува, а да не ги разденува
Оние што го будат ѕверот во човекот

Но, Господе, еве, сега и овде го будам и јас
Мојот ѕвер, мојта животинска природа
И однатре рика со сиот свој глас
Сакам љубов, мудрост и слобода

И дали тоа е можно со 9 и 7.62 О  Боже!!!
Дали смртта е неминовност во оваа ситуација
Дали со добра мисла, покорност и трпение може
Од сето ова срање да се ослободи мојава нација

Ѕверот Господе многу беснее и многу се лути
А знам дека негативното не е решение
Но дали човек смее да си дозволи да ќути
И дали тоа сега и овде ми носи утешение

No comments: