Tuesday, March 12, 2019

ВО ЧМАРОТ НА КУРВАТА ВАВИЛОНСКА




PANTA REI - се’ тече, а ништо не се менува
Во чмарот на Европа, курвата вавилонска
Во овој ментален мрак споро се разденува
Во Троја, во Јудеја, во земјата Македонска

Историјата велат по-бедниците ја пишуваат
О Господе, прости им за сите зла и сите лаги
И додека животот со смрт го стишуваат
Прости им Господе за сите крвави траги

Тие не знаат, всушнот ТИЕ СЕ НЕ-ЗНАЕЊЕ
Тие се вжештени глави и срца скаменети
Што немаат ни ронка понизност за каење
Правите вредности со лажни се заменети

Наместо со љубов, вистина, ненасилство, исправност и мир
Нивните умови со секс, пари и моќ се нахранети
И додека лукавиот го слави својот крвав пир
Боженствените закони со декрет се забранети

Владеат во чмаров на европа рептили искомплексирани
Зелени, несозреани, неизживеани, неосвестени
Подобро ќе беше посовреме да биле киретирани
Во зародиш, кога мајките им биле обесчестени

Сега немаше Мајка Македонија да ја силуваат
Тие бесрамни изроди на македонското племе
О Господе, старите концепти ги повампируваат
Голготата на Голото острово, на црното семе

Ноќ на долгите мечеви – вриштат јаничарите
Нема да ви ја дадеме моќта така лесно
О Господе Боже, велат на умот граничарите
Спремни сме да убиеме кога сме во тесно

Но, сепак на крајот излегува дека не се криви тие
Туку гласачите - наивни, уплашени и заведени
Законот вели: Кој што си посеал тоа и ќе си жние
И дека се во право сите тие идиоти се убедени

А крив е кој??? – се знае КУРОВ МОЈ!!!
Тој е крив дури и тогаш кога е прав!!!
Командир страже НАПРЕД, остали СТОЈ!!!
PANTA REI – синко, биди жив и здрав!!!

No comments: