Tuesday, March 12, 2019

Девет милиметри до вистината



Со многу ментален отров е загаден етерот
Целото енергетското поле е негативно
Паролите ЗА ЖИВОТ ги одвеал ветерот
Се’ што некогаш беше наше сега е нивно

Наши беа фабриките, полињата, езерата
Наши беа реките, небото и планините
Наша беше љубовта и во Бога верата
Се додека не дојдоа црвено-жолто-сините

Наши беа стадионите, салите и базените
Наши беа трговските центри и болниците
Наша беше и крвта што течеше низ вените
Додека не почна непочитување на границите

Наши беа театрите, културните домови и кината
Наши беа спомениците, мостовите, булеварите
Денес единствено што е наше е ВИНАТА
За тоа што навреме не ги спречивме варварите

Оние што духот боженствен во нас го урнисаа
Оние што со страв срцата човечки ги исполнија
Оние што мамона сред храмот Божји го крунисаа
Оние што многу успешно зад лагата се засолнија

Ние го направивме гревот, ние, добрите и чесните
Ние ја носиме вината за она што не го сторивме
Ние што се ставаме меѓу посвесните и посовесните
Ние што за своите соништа не се изборивме

Туку дозволивме власта да ја земат психопатите
Со нас да владеат злите, лакомите и самоволните
Време е она што е наше со камата да ни го вратите
Вие емоционално мртвите и ментално болните

13.3.2018

No comments: