навистина, кој ми е крив што сум толку емоционален
а сепак само поетот во себеси за тоа го окривувам
за ваквите чувствителни фази тој е кривец стален
господе, колку со некои ситуации си се соживувам
за нови години, божиќи, великдени, празници, слави
знам емотивно да истечам и се` да преплавам ко река
почнуваат да работат сите мои срца и сите мои глави
во висока плима се претвора мојата емоционална осека
и кој ми е крив што сум премногу чувствително битие
и што со моите мисли и емоции не можам да се справам
сепак,спас ми е пишувањето на ова мое поетско житие
а можеше да се случи во чувставата свои да се удавам
ех да немав тро на себеси поработено и освестено
само господ знае досега кај ќе ми беше крајот
матната животна река џенем ќе ме имаше однесено
немаше сега и овде да си играм со пеколот и со рајот
No comments:
Post a Comment