Saturday, January 7, 2012

збор за божиќ

утрово зборовите ваши в срце ме допираат
со својата таинствена боженствена сила
солзи радосници од бескрајот извираат
и ги наквасуваат нивните ангелски крила

ах, кога само би знаеле колкава моќ носат
овие остри стрели, овие миризливи цветови
кои понекогаш како смрт знаат да не покосат
и како магија да ни опишат невидливи светови

кога би знаеле, бесцелно не би ги употребувале
овие смртоносни и животворни господови орудија
првите уште пред да се родат би ги погребувале
а вторите се единствениот наш морален судија

утрово сакав збор два за божиќ јас да кажам
со стихови во мил христијански дух изречени
о господе, духот мој сакав да си го оснажам
во овие мигови со славата твоја овековечени

ти благодарам за сета убавина со која ме даруваш
ти благодарам што ми овозможуваш неа да ја споделам
со сите овие души со кои само ти господе царуваш
фала ти, од длабочините на срцево ова ти го велам

АМИН

No comments: