До небеси креваат силна врева
Несвесни за минливото и менливото
И кога над нив ќе почне да расти трева
Ќе сфатат дека џабе го профуцкале живото
И в очи облаци прашина ми џиткаат
Сакаат да ме ослепат слепецот - МЕНЕ
И се’ што е вредно за беспари шиткаат
Работат на тоа да ме протераат џенем
Поминаа нивните самити за мое примање
Нити ме поканија, нити ме примија
Оние што мислат дека имаат некакво имање
Душевните анорексици што страдаат од ментална булимија
А мене баш куро за сето тоа ме боли
И со нив и без нив јас постојам на свето и веко
И само Бог тоа може да го спречи или да го дозволи
Е море Господе Боже шо ти е чоеко
Убедени се дека тие на малото прсте го вртат свето
Веруваат дека од нив зависи моето постоење
Мислат дека можат да ми го забранат со ВЕТО
Моето кармички наследено страдање и гноење
PANTA REI - еднаш еден мудрец по име Хераклит рекол
А тие и денденес не сфатиле шо сакал чоеко да им речи
И се обидуваат од рајот Твој да направи пекол
Секој его лудак што со политика комплекси си лечи
А јас отстрана седам и сеири си гледам
И што можам да им кажам на мртвите души
Колку појќе зборам, знам помалце вредам
И не ми е јасно зошто би се занимавал со лигуши
Јас немам што да им докажувам и да негирам
Јас постојам и токму тоа ме инспирира и ме мачи
Јас не сакам ко нив меѓу рајата омраза да ширам
Мене понекогаш од сочувство кон нив ми се плачи
И ја молам Прамајка ми на сите да им дари милост
И го молам Пратакоми со мудрост да им отвори очи
Само така може да биде излечена човечката гнилост
Сал така можеме да се спасиме од меѓусебен злочин
Се’ друго е ментална мастурбација
Се’ друго е замајување и баење
На водачите на секоја нација
Им препорачувам тро молитва и тро каење
Молете се за мир и разбирање меѓу народите
Молете се за немоќните и за душманите
Само така од срце по патот другите ќе ги водите
И ќе ги надмините на душите ваши маните
Јас не знам повеќе силни зборови да изговарам
Моите стихови се прости, обични, едноставни
И еднаш некогаш ако доживеам да остарам
Можеби ќе сфатам некоја од вистините животодавни
Понекогаш и јас го дигам својот глас
И кравам прашина можеби не до небеси
И често се молам за милост и за душевен спас
За сите Божји чеда како и за самиот себеси
No comments:
Post a Comment