очигледно имам лоша карма за плаќање
кога ангелите од мене бегаат ко опалени
имам големи кармички долгови за враќање
од соништа неостварени и непрежалени
изгледа допрва ме чека тежок од’ до крајот
искачување по угорницата на голготата ми следи
сеуште сум далеку од вратите на рајот
па сепак, одново ќе се обидам, знам, вреди
ме боли последното простување со ангелите
бев убеден дека лесно ќе го надминам
а всушност ми ги размрда на срцето темелите
за малку бев спремен еден нерв да скинам
цената ја плаќам, господе прости ми те молам
грешен сум бидејки сеуште ништо не знам
по срцето на ангелите ќе се споболам
за малку милост господе и јас чезнам
зарем не ја заслужувам и јас ко сите други
ако не знам, те молам ти води ме по пато
не дозволи да бидам еден од луциферовите слуги
сакам да сум еден од твоето ангелско јато
знам дека сеуште на својот его ум сум роб
јасно ми е дека сеуште по неговиот мрак акам
свесен сум дека самиот си го копам својот гроб
но длабоко во срцето само тебе господе те сакам
No comments:
Post a Comment