Thursday, April 3, 2008

Фацијална деформација

Возејки се со еден камион промајата ме фати
Десната страна од сурато ми се деформира
Сега пијам разни количини хемиски препарати
Против некој стафилокок или некоја спирогира

Абе навистина чоек во животов на рајат не е
Постојано нешто го боли или нешто му фали
И најчесто кука, се жали, а ретко се смее
Господе прости ни нам тешките его будали

Јас нити кукам, нити се жалам, туку си трпам
И си нуркам, си работам карма и понекогаш се молам
Живото си го туркам, си нуркам, си го крпам
И се молам на Бога тогаш кога ќе се споболам

Господе Исусе Христе
Прости ми мене грешниот
Избави ме од лукавиот
И не воведи ме во искушение
Амин

No comments: