бев далеку
не си верував и самиот на себеси колку далеку можам да отидам
се оддалечив самиот од себеси
веќе не знаев кој сум
избегав и од себеси и од светот
и не можев никако да се доближам
да се вратам
сега сум сам
со искривено лице од воспаление на фацијалниот нерв
зборувам со половина уста
како да ми ставиле анестезија за вадење на заб
немам сила да си ги затворам клепките од десното око
да ги стиснам
слозите лијат сами од себе
ме прочистуваат ли
не знам
не се солзи радосници
нити пак чувствувам некоја тага
плачам понекогаш
но не сега
ова се солзи болесници
течат сами од себе за да ме потсетат на гревот
сакав туѓа жена
на интернет
таа ми се пушти
јас прифатив
игравме неколку месеци интернет љубов
не ми успеа
ојде кај видовит
и рекол - ОСТАВИ ГО
порака од прасветата мајка богородица
ја прифатив вистината
таква беше нејзината волја
уште откако ме откачи учителот знам дека имам лоша карма за одработвање
но не знам зошто
знам дека никако не ми успева да и’ се доближам на мирната и топла женска енергија
верував дека ангелот ќе ми донесе среќа
но јас сум ѕвер
и романтичар
јас сум сеуште двојство и бунило
а ја засакав
и спремен бев на се’
а ништо немав
можев само да се дадам себеси
ваков дебел и сиромав
ништожен
понижен
сеуште глумам интелект
а реалноста ме поништува
не правам како што треба
манипулирам
има доста манипулаторско во мене
се лажам себеси
ги лажам и другите
а вистината постојано ме порекнува
и...
си плаќам карма
јеби га
родителите ми се жалат
болни се
им пуштив двеста долари
иако не работам
платив со карма
хахаха
господе прости ми
умирам
немам со кого да разменам енергија
љубов и разбирање
со неа можев
неа сега ја нема
останав сам
знам ќе преживеам
ме боли
иако не сакам да си признам
потиснувам
ќе избие еден ден на видело
психосоматика
сончев ден
а јас сум затворен во својот ум
кројам планови
се заситив од америка
сега сакам да заминам австралија
кај брат ми
ќе го “израдвам“
мачно е брат
не можам да си ја соберам енергијата
верувам дека можиме нешто заедно
мене ми треба помош
не тебе
ти си подобар од мене
реалноста тоа го покажа
јас сум ...
прости ми
сепак се надевам
и верувам
играм докрај
господе поможи
No comments:
Post a Comment