Се` е политика – рече Учителот
се преиспитувам себеси и се
прашувам зошто не ме бива
политика да водам, да маткам
одоколу, да манипулирам
а имам еден хиперманипулатор и ѕвер
со природа дива
но не знам како во себеси двајцата
нив да ги избалансирам
во светот на ега искреноста и
директноста не се на цена
потребно е взаемно политички
елегантно его тимарење
егото е како арогантен маж и
искомплексирана жена
егото е како осетлив стомак со пореметено
варење
а во мене има премногу дивина
преточена во поезија
јас како да не му припаѓам на овој
и ваков свет
јас сеуште немам врз зборот мој
световна терезија
јас чувствувам како да сум
благословен и проколнет
ме благословил господ со остар ум и
срце чисто
и ме проколнал со огромна сила и
природа дива
ме вјармил во парадокс – се` се
менува, а се` е исто
и му ставил граница – смрт, на
мојава душа жива
и ме фрлил во световното да трагам
по светото
да водам политика со ангели во
демони претворени
и да го откријам благословеното во
проколнетото
низ сите свои гревови измислени и
сторени
ми дал задача од дете кревко маж
силен да израснам
од срцето на лагата своја да ја
искорнам вистината
од раката на кундалини јаболкото на
спознанието да го каснам
и да клокотам како вулкански кратер
со лава остината
господе, знам дека за се` што мене
ми се случува ти си крив
ми велиш биди вистинит, а од друга
страна политика водиш
меѓу емоционални мртовци јас морам
да останам здрав и жив
а знам дека што и да направам, на
крајот пак ќе ме ослободиш
но проблемот е во егото мое кое
сеуште не знае да љуби и верува
проблемот сум јас кој не сакам да
ја водам твојата политика
проблемот е овој его ум кој ништо
не прифаќа и во се` претерува
проблемот е во овој глушец во мене
кој пред лавот мој цвика
сеуште сум длабоко заглибен во
светот на сопствените двојства
теретот на сопствената карма е
крстот закован врз моиве плеќи
и се` додека во потполност на ги
спознаам сите мои его својства
ќе продолжам над своите гробови да
плачам и да палам свеќи
No comments:
Post a Comment