Облаче
Не се
плаши облаче, нема да те скршам
Ќе те
составам како коцки Лего
А потоа
ко ветер јужен ќе те распршам
За да
ме сфатиш и мене и Него
Не се
плаши облаче мало и лекокрило
Јас не
сум ни ураган, нити пак торнадо
Ќе те
ослободам од она што некогаш било
Јас сум
пастир, те молам, биди мое стадо
Не се
плаши облаче, тоа е обичен его трик
Ја знам
играта меѓу мракот и светлината
Ти
кажав, сеуште не ти е јасен неговиот лик
Завиткан
во маглите на кармата мината
Не
плаши се облаче, препушти му се на ветерот
И
дозволи му на срцето твое на Патот да те води
Судбините
одамна сме ги врежале во етерот
А љубовта
наша и милоста Божја ќе не’ ослободи
No comments:
Post a Comment