Monday, March 27, 2017



ПИЧКА ЈЕ ПОЛОВ ОРГАН,
А ПИЗДА ЈЕ КРАКТЕРНА ОСОБИНА
(Раде Шербеџија во филмот
Variola Vera)

Еднаш реков дека нема да се занимавам со негативното
Еднаш реков дека нема во партии да се зачленувам
И дека јас ќе се занимавам со своето, а тие со нивното
Арно ама очигледно и јас почнав ставовите да ги менувам

Еднаш Учителот ми рече: СЕ Е ПОЛИТИКА!!!
Еднаш Учителот ми рече: СИТУАЦИЈАТА Е БОГ!!!
Господе ѕверот во мене со примален крик рика
Те молам Господе овојпат не биди кон мене строг

Одамна се имам јасно и гласно национално определено
Во тоа време ме обележаа како enemy of the state
Кога презреани ста(о)рци го водеа мојто племе зелено
И спречија лавот да рика, а сонцето од Виргина да грејт

Ги преживеав и ловците на октоподи и бугарофилите
И оние со чисти раце, како и оние променетите
Многу бесна крв тогаш ми протекуваше низ жилите
Да дај Госпо кармата во овој живот да ја осетите

Ја преживеав и големата транзиција – најтешката пљачка
Кога потта и крвта на народот во приватни раце се прелеваше
Тогаш во канџите нивни плебсот беше најобична играчка
Џабе штрајкуваше, вриштеше и гласот свој го креваше

Го преживеав и менувањето на името национално
Со заслуга на стариот лисец и неговата комунистичка свита
Тогаш коленичарите завзедоа и положение анално
А денес се прикажуваат како државотворци и бизнис елита

Всушност, насловот на песната ви е наменет токму вам
Вие кои се’ што беше вредно за грст златници продадовте
Мене ми е јасно дека своите битки пак ќе ги водам сам
Иако етикетата државен непријател одамна ми ја кладовте


Скурчено ми е веќе од прислушкувањето на мобилниот
И од заканите на Двојче на мојот фејсбук профил
Грандоманоначалниче, џабе глумиш паметниот и посилниот
Во туѓи раце се наоѓаат картите од животниот шпил

И администраторите на твојата фејсбук страница не се вечни
Нити е вечен нивниот начелник, нити му е вечна фамилијата
Ало началниче, остаревте, а уште не ви паднале забите млечни
Еден ден и мене, а богами и вас, ќе ве однесе стихијата

Навистина не знам која е целта на ова мое писание
Дали мојто его сака да се курчи, а после јас по пичка да јам
Или сакам врз јавното мнение да имам некакво влијание
Дали е ова порака што сакам на идните генерации да им ја дам?

Факт е дека органите на редот и мирот ќе ме прочитаат
Всушност, одамна сум елабориран и ставен во некој ќош
Или можеби кај двојче или кај началникот им ќе поитаат
Па ко ќе дојди време однекаде в грб ќе ми забодат нож

Во секој случај рабоќето на удолу имаат тргнато
Од ден во ден се полошо и полошо му е на мојов род
Се’ живо и здраво преку граница има нагргнато
На совршената политика на пастирот тоа е плод

И з’ш бе јас се занимавам со сето ова македонско срање
З’ш ме засегвит нивната политика антимакедонска
З’ш не мом да го трпам нивното ментално мастурбирање
З'ш не замолчам и не си ја одработам својта карма еонска

(Написана, непремолчена и пуштена во етерот во времето на владението на дивите ѕверови)

No comments: