Те молам немој
немој да си помислиш дека ти се додворувам
немој да мислиш дека некаков притисок правам
знај дека ова што ти го пишувам и зборувам
е божји дар што од срце искрено ти го давам
немој ни да помислиш дека имам намери задни
немој, те молам, ќе го повредиш во мене човекот
немој било што негативно на памет да ти падни
знај дека единствено љубовта твоја тебе ти е лекот
а мене, мене уште вечерва можеш да ме заборавиш
и јави ми се ако осетиш дека љубовта моја ти треба
само те молам немој срцето свое да го закоравиш
немој да си го затвораш патот кон внатрешните неба
No comments:
Post a Comment