НЕ ( или позитивна негација)
не го затворај срцето, те молам, заради себеси
не дозволи негативното да те совлада и преплави
не ги заклучувај вратите на внатрешните небеси
не му давај на лукавиот над тебе победа да слави
немој да ми кажиш дека не сакаш и не можиш
немој да ја губиш во љубовта своја верата
немој самата себеси со нула да се помножиш
немој, те молам, верувам дека тоа не ти е намерата
моето срце за тебе секогаш ќе биде отворено
немој да мислиш дека со нешто си ме повредила
немој да жалиш за она што не/беше сторено
не верувај дека кармата негативна не` победила
ќе дојде ден кога овие зборови ќе одекнат
длабоко во твоето срце и високо во твојот ум
и тогаш сите цврстини во тебе ќе омекнат
и дури тогаш ќе видиш која си и кој сум
No comments:
Post a Comment