Кога ти реков дека “ Знам со кој си имам работа“
господе сега навистина знам со кој си имам работа
денеска навистина станав во потполност свесен
тој над мене славеше победа минатава сабота
јас уште еднаш нему му бев плен многу лесен
за многумина пајажината што ја плете е невидлива
бидејки многумина со него се имаат поистоветено
и длабоко се убедени дека живеат во вистината жива
несвесни дека лукавиот ќуљафката им ја има сплетено
ах само барем малку да прогледаат и да спознаат
дека многупати истиот тој им го скроил ќурот
можеби кога ќе искусат и увидат, ќе се покаат
пред на посмртницата да им биде удрен мурот
п.с.
сакам пред зборовиве да не затвориш очи
сакам да ги прочиташ свесно и да ги сфатиш
не сакам на душата своја да и` направиш злочин
не сакам заради него ти убавино да патиш
No comments:
Post a Comment