|
| |
| Не верував дека Бог за мене има изненадување Мислев дека ме направил, ме оставил и заборавил Мислев дека за душава моја веќе нема радување Умот си го бев заблудил, а срце си бев закоравил
Не верував дека баш мене љубовта може да ми се случи Бев повреден,се повредив,бев уплашен во својот ќош и сам Станав ѕвер, психопат, еден од најтшеките глаучи И не бев спремен никому својата доверба да му ја дам
Не му верував никому, а најмалку на боженствените небеси Го лажев Бога со збор, а во мислите од убавината Негова крадев Бев никаквец, скитник, бездомник, душман на самиот себеси Она што по Пат го сеев, тоа сам си го жнеев и си го јадев
И на сиот свет, за сопствените јадови, му бев бесен Бев скептичен, циничен, саркастичен, злобен А всушност - за самиот себеси и за светот НЕ БЕВ СВЕСЕН Затоа и сопствениот живот ми беше неудобен
Се чувствував тесно во сопствената кожа Сакав да избегам од сопствената реалност Разни лудила во умот почнаа да ми се множат А во срцето чувствував долг емоционален пост
Копнеев за љубов,а всушност неа во себе ја убивав Ја барав во другите, а внатре како да ја немав Нејзината смрт пред другите успешно ја скривав Немав што да дадам, а многу сакав и многу земав
Но еден ден увидов дека Бог не ме има заборавено Еден ден Бог елегантно ме намести, ми го спушти И сфатив зошто срцето свое си го имам закоравено А Тој, Тој Никаквецот, само ситуација за тоа ми приушти
Знаев дека е Тој, само Тој има таква елеганција Таква местенка само Тој можеше мене да ми смести Само Тој е способен за таква озбилна зафрканција А целта му беше - мене од моето лудило да ме освести
Ми ја подметна љубовта како најголемо искушение Ми ја подметна љубовта, онаа најубавата - забранетата И ме остави самиот за себеси да изнајдам решение Ми ја подметна љубовта-онаа Неговата, најсветата
И сега, дури сега навистина не знам што да правам Угоре високо, удолу длабоко, а јас баш на средина И ништо повеќе не барам, а сакам се од срце да давам А животот ми стана убава цветна планинска ледина
И секојдневно од неа ги берам најубавите цветови И во китка и’ ги носам нејзе, на љубовта боженствена И со неа потонувам во себеси и откривам нови светови И сонувам за потполн спој со нејзината енергија женствена
Знам,баш дека само таа од вистинска смрт може да ме спаси Само таа, вистинската љубов, и ништо, баш ништо друго И ако таа срцево мое, во последниот животен миг, го краси Ќе знам дека во овој живот успешно сум го затворил кругот
И го молам Бога до смрт во срцево мое да ја чува Го молам да ми помогне повторно да не ја изгубам О Господе Боже, срцево мое од радост лудува О Господе Боже, дури сега почнав да верувам и љубам
11.12,07 AD
| |
No comments:
Post a Comment