Смртта ме набљудува со поглед на срна
Додека во себеси го убивам на птицата летот
Од нејзините очи црни дождови врнат
О Господе Боже, што се случува со поетот
Ја зграбил за гуша лагата своја
И умира со неа ко свенат лист
Додека мртвите сништа над гробот му стојат
Тој верува дека живеел живот невин и чист
И се раѓа нов живот во неговата утроба
Иако смртта и него ќе го земе со себеси
Тој спрема во срцето свое нова нуклеарна проба
Чиј троскот ќе се чуе и чиј чад ќе се дигне до небеси
Тој сака старите згради од темел да ги сруши
И со нов материјал нови сништа да изгради
Тој сака нови и подлабоки нафтени извори да буши
Тој средновечниот старец со идеали млади
No comments:
Post a Comment