несвесно сум изградил ѕидови длабоко во себеси
и секојдневно во нив удирам со главава тврда
сум го помрачил сонцето на внатрешните небеси
и сега не мом да се поместам, едвај се мрдам
како со духови се борам со несвесните ставови
невидливи, несфатливи, од некои минати искуства
длабоко во срцево рикаат моите заробени лавови
и како громови татнат сите потиснати чувства
знам дека треба да ги освестам и да ги спознаам
оти нема да стигнам далеку ваков каков што сум
и џабе по блогов и по фејсбук со стиховиве баам
морам да го ослободам срцево од несвесниов ум
No comments:
Post a Comment