Tuesday, July 12, 2011

креација

ништо ново не креираме
се` што било е и ќе биде
само меѓусебно се фолираме
она што поминало тоа пак иде

нема ништо ново на светов и веков
а се` изгледа како новина
го зборам истото што веќе го реков
ја користам истата сировина

се џарам ко теле во шарена врата
не го препознавам сопствениот лик
картите одамна ми се шпата
воле сум а изигрувам разјарен бик

и си мислам дека нешто креирам
а исти зборови верглам постојано
сал нови комбинации комбинирам
се` е веќе одамна речено и напишано

No comments: