мртов сум господе, повреден и депресивен
и прифатен да бидам од некоја жена сакам
и со љубовта нејзина пак да бидам оживен
тогаш ќе престанам по беспатијата да акам
мртов сум господе, но ќе оживеам како и да е
ни една педа не можам напред да се поместам
огромно количество љубов во срцево мое чмае
сепак, ми треба уште малку време да се свестам
знам дека имам во умов некои несвесни блокади
последици од некои длабоки емоционални рани
постојано некоја подмолна јанѕа однатре ме јади
и моите слабости со негативна енергија ги храни
ти ми си потпора о господе боже, чувствувам и знам
и нема да се откажам од смислата, љубовта и одот
и се`, буквално се` од себеси тебе господе ќе ти дам
и верувам дека тогаш живот ќе му дариш на плодот
знам дека кога ќе заслужам ти ќе ми отвориш врата
а дотогаш најдоборото од себеси морам да го вложам
и ќе му се радуваме на убавината јас и ти, ние двата
и додека верувам во тебе, знам, сакам, умеам и можам
о боже, и покрај големиот број грешки од мене сторени
ти сеуште од длабочините на срцево тивко ми зборуваш
со љубов ги храниш сите мои надежи до смрт преморени
сал ти боже вистински ме љубиш и мудро ме прекоруваш
а јас од тебе и натаму постојано нешто ко питач молам
дај ми сила да издржам, дај ми жена што ќе ме прифати
а никако да се поместиш од срцево мое да ти дозволам
и на крајот пак ти си тој што мојата сметка ќе ја плати
прости ми господе што се чувствувам ранет и безвреден
фрлен покрај патот, во ендекот и прекриен со прашина
сокриен во себеси, истоштен, остарен и душевно беден
како некоја стара и во отпад фрлена `рѓосана машина
душа која си го отслужила своето и денеска никому потребна
отуѓена од тебе господе, повредена од себеси и од светот
чека и нејзе да и` дојде редот за последната поворка погребна
со земја да и` биде прекриено телото, а со заборав поетот
но, има во мене еден пргав и нескротлив, неразбирлив дел
има нешто во мене бунтовно, расколничко, бесно и диво
има нешто кое верува и знае дека самото на себеси си е цел
има во мене нешто непокорно, љубовно, креативно, живо
токму тоа господе ме бодри и не ме остава да рикнам на мира
не ми дозволува да се предадам, да се откажам од тебе и од себеси
и клокоти во срцево мое, како во некое буре што зоврива шира
и постојано сонува, трага, копнее по и тежнее кон твоите небеси
No comments:
Post a Comment