Ако те пуштам во моите најдлабоки длабочини
Ќе знаеш ли да се справиш со мојата површина
Ако ти го понудам безбројот на моите нијанси сини
Ќе умееш ли да ја препознаеш мојата боја сина
Ако ти дозволам во моето срце да влезиш
Ќе знаеш ли да го најдеш патот за назад
Ако не знаеш на крај со мојот ум да излезиш
Биди сигурна дека мислите мои ќе те згазат
Ако немаш тро љубов и разбирање за самата себеси
Бегај, не ми се доближувај, добар сум за избегнување
Ако не сакаш заедно да летаме во внатрешните небеси
Верувај ми, се` понатаму ќе биде само обично силување
No comments:
Post a Comment