Sunday, March 16, 2008

враќање

кога сите бегаат, јас се враќам
и не знам шо ми е, мора да сум луд
очигледно само јас ништо не сфаќам
и покрај сиот вложен напор и труд

црни двоглави орли ме надлетуваат
вавилонски курви обединето ме мамат
слободните ѕидари в темел ме соѕидуваат
а карикатурите од југот гласно галамат

источните соседи глумат западни
а западните, хахаха, господе помилувај ме
не знам кој прв ќе ме нападни
господе, од погрешен избор сочувај ме

и додека сите замунуваат, јас се враќам
мене силата повторно назад ме вика
ништо не знам и ништо не сфаќам
можеби е ова за спознание права прилика

No comments: