заобленоста на ќошо
немал оџа работа,па чалмата си ја виткал
а круго почнал да му завидува на ќошо
и додека ѓаоло ифрит љут ифтири по земјава џиткал
госпо горе на небото ташел и се праел на тошо
газо ви се радва, зато шо умо ве еба
пљампате за работи за кои немате појма
слепите верглаат за севишните неба
отаде на црвената линија сакаат да знаат шојма
а ние,пичлемињата битолски, ко буки,боки и мене
изигруваме тешки интелектуални чакијаши
и по блогерајов, се’ редум тераме џенем
посебно библиско-политички едуцираните мафијаши
боки џитка првно интелектуални бомби
буки се расфрла со креативна естетика
а јас глумам една од потешките духовни џомби
додека професорката во библијата бара ЕТИКА
и така сите заедно МАНГАЛ МУАБЕТ си прајме
наместо двете четири да ги опуљиме
еден ден душата на ѓаоло ќе му ја продајме
бидејки од вакви муабети ќе се дозагулиме
а сите сме убедени дека нешто за нештата знајме
и анализираме, заклучуваме и за то се препираме
сепак на крајо сите стапо ќе го јајме
бидејки плодот на љубовта сега и овде го киретираме \
наместо да се зафатиме со себеспознание
ние конструктивно ја анализираме библијата
и цинизираме на тема “ВЕРО-НАУЧНО“ образование
за молитвите, поуките,псалмите, и житијата
то e продавање пуфки а море сестри и абе батки
летање во место и в гради бапкање
би сакал со вас да споделам зборови слатки
неместо сево ова ментално во место тепкање
By Jove 20 Јануари, 2008 - 03:58
No comments:
Post a Comment