Wednesday, March 13, 2019

MiB (I got respect for man in black)




Постојано се среќавам со лукавиот и неговите жртви
И со милоста Божја се обидувам понекоја да спасам
Да ги избавам пред да станат емоционално мртви
Господе прости ми, понекогаш доцнам, понекогаш вјасам

Очигледно често премногу барам и премногу сум строг
Јас психотерапевтот, јас исцелувачот, спасителот јас
Не знам дали понекогаш несвесно играм улога на бог
Да, и тоа го правиш чедо мое, вели внатрешниот глас

Не спасувај никого кој од тебе не бара да биде спасен
Не се мешај во ничија туѓа карма самоиницијативно
Таквиот пристап и за тебе, а и за него е многу опасен
Страдалниците стануваат зависни од страдањето нивно

Улогата на жртва е многу комплицирана и интересна
Жртвата го сака мачителот свој, својот егзекутор
Таа ужива во мачењето и за тоа воопшто не е свесна
Усмртувачот на нејзиното срце го доживува ко тутор

Тоа е слично како зависноста при давањето на крв
Крводарителот едвај чека шест месеци побрзо да минат
Иглата кај него предизвикува климакс, екстаза, врв
А потоа се чувствува батисан, калдисан, папсан, скинат

Улогата на маченик и мачител е улога на трактор и бара
Моќта на жртвата, колку е тоа на лукавиот опасен трик
Деструктивната игра и на двата толку многу им одговара
И оној кој ќе ги соочи со тоа на крајот е негативен лик

Всушност, тоа е мојата улога, психотерапевтот психолог
Јас ги соочувам нив со нивната глупост и нивната беда
Човек кој во работата внесува посебен енергетски влог
Кој исцелува стара и превенира нова емоционална повреда

Мене лукавиот ме доживува како непријател смртен
Мене ми се фрла да ми ги ископа очите, да ми скине глава
Со сета своја деструктивна енергија на мене е свртен
Над гробот сака да ми пее “вечна му памјат и вечна му слава“

Кога ќе му речам “не знаеш“, наеднаш ѕверот побеснува
Кога ќе му ја фрлам светлината в очи, станува она што е
Ми врти грб и вратата на срцето пред нос ми ја треснува
Почетното ДА, со неверојатна брзина се претвора во НЕ           

Во иднина морам да бидам поконцентриран и посвесен
Битките со лукавиот морам на еден друг начин да ги водам
Морам да го успивам наместо да го правам лут и бесен
Ако сакам нечија душа од мракот негов да ја ослободам

Р.Ѕ.

На крајот искажувам длабока почит кон човекот во црно
Кој искрено од срце тагува за смртта на сопствената жена
И убива две други без ронка барут, без да испука ни зрно
О Господе Боже, играта Твоја е беспрекорна и совршена  

10.4.2013
   

No comments: