Tuesday, March 12, 2019

ID-entity




Господе, зборовите ко камење врз градиве ми тежат
Господе, смачено ми е од објаснување и опишување
Господе, сакам вистините Твои духот да ми го освежат
Љубовна молитва да е секое вдишување и издишување

Ме боли сето ова што ѕверот непрекидно ми го прави
Архетипска е оваа борба што се води надвор и внатре
Постојан конфликт меѓу студени срца и вжештени глави
Мракот сака светлината длабоко во мене да ја затре

Си поигруваш Ти со нас, твоите кревки и заблудени чеда
Ни фрлаш коска и гледаш како меѓусебе очи си вадиме
И мирно гледаш како се давиме во својта глупост и беда
Се’ до последниот момент, додека во смрт не оладиме

И повторно ни даруваш нов оган во срцата на новите тела
Безусловно не’ храниш со нова надеж, со љубов и со вера
А ние невини и наивни пак ѕверот го поиме со крвта врела
Скривајки го злочинот во врвовите на нашите поетски пера

Во етерот чувствувам многу зло се згрутчило и ме демне
На врвот од курот е моето кратко задоволство земно
И додека љубовта во затворот на моево срце ѕемне
Егово владее со се’ што во мене е несвесно и темно

Довршена 12.3.2019

No comments: