Tuesday, March 12, 2019

КОГА КАНИБАЛИТЕ СЕ ДРЗНАА ...



Денеска од другата страна на границата наша
Некакви документи за името ќе потпишуваат
И без никој за то мене човекот да ме праша
Од слободата на личен избор ме лишуваат

Политичари со дементни ментални структури
Спермални отпадоци и исцедоци менструални
Турбонитронуклеани будали и генетски згури
Кретеноидиопатскимороноритарди фекални

Рептилните реинкарнации и наследниците ѓаволови
Решиле да ми го избришат националниот идентитет
Магарината муртински заедно со бриселските волови
Сакаат да не постојам ко МАКЕДОНЕЦ во материјалниов свет

Канибалите сакаат да ме проголтаат за трен
Некрофилите над коските на претците ми се ситат
Ѕверот во мене врие, а романтичарот е во зен
Двајцата кројат план како од злото да ме заштитат

Ѕверот без око да му трепни спремен е да пука
Романтичарот е во молитва за исправно решение
И додека во градиве мои лавовско срце чука
Го молам Бога де ме води кон свесност и утешение

Се плашам да не бидам изигран од лукавиот его ум
Не сакам од неговите манипулации да бидам заведен
Сакам да се движам по правиот Боженствен друм
Сакам секоја мој иден чин да биде свесен и праведен

И утре ако треба да пукам сакам тоа да биде свето
Утре ако туѓа и/или своја крв пролеам нека е со право
Кога утре над крсто, камата и пиштоло ќе го дам завето
Нека со мирно срце и свесен ум во бој тргне лаво

Господе,
Нека биде волјата Твоја
И нека се слави името Твое
И нека се слуша словото Твое
Овде и сега, како сегде и секогаш
Во вечни векови

АМИН

17, Јуни 2018-то лето Господово

No comments: