Ако ви речам дека сте богови,
дали ќе ми поверувате
Ако ви речам дека сте робови,
дали ќе ми се налутите
Ако ви речам дека самите страв в
коски си втерувате
И ако сето тоа на вас ви го
докажам, дали ќе заќутите
Ако ви речам дека не сте луѓе,
туку духовни битија
Дали тоа ќе промени нешто во
вашите срца и умови
Ако ви речам: себеоткривањето е
над сите откритија
Дали тоа вашето внимание на
момент ќе го улови
Не верувам, вие и натаму ќе
останете во мајата
Бидејки нема да поверувате во ова
што го зборувам
И ќе продолжите да ја сркате
животната супа бајата
Независно колку пати сево ова да
ви го повторувам
На крајот останува фактот: мора
да искусите, доживеете
Без лично свесно искуство нема ни
љубов ни вера
И кога свесно над самите себеси
ќе почнете да бдеете
Тогаш сега и овде ги замени
вашите утре и вчера
Навистина не е битно што јас или
некој друг ќе ви речи
Битно е дали длабоко од срце
копнеете по самите себеси
И нема сила на светот што тој
копнеж може да го спречи
Од најниските пеколи да ве понесе
во највишните небеси
22.3.2013
No comments:
Post a Comment