Tuesday, April 1, 2014

HARD CORE

Последното римско царство е веќе во распаѓање
Ги прават предсмртните потези центрите на моќ
О Господе, чувствувам процес на препораѓање
Ново светло утро пред најмрачната световна ноќ

Вавилонската курва на кило го продава својот химен
Завиткан во наивноста на невината демократија
Мртво тело, со старо знаме завиткан сандук лимен
Јасна порака што его умовите сеуште не ја сфатија

Лукавиот ги распослал своите дребулии дражесни
Поклониците на мамон вриштат IN GOD WE TRUST
Во kali yuga чедата божји се негови пленови лесни
Рибарот ги фрлил своите мамци: money, power, lust

Парачи на небото ги крстиле пенисите од арматура
Руските самури седнати во златни царски сандалии
И додека плебсот десетокот им го плаќа во натура
Тие глумат светски кадии, имами, падишаси, валии

Сакатите шајној ја продаваат својта безбожна наука
Празните листови нејзиното мастило го купуваат
Во меѓуребрените простори скаменето срце им чука
Сезнајните богови во својта сезнајност заглупуваат

Вампирите ја пијат Исусовата крв од Светиот Грал
Додека од усните светите списи како река им течат
Душите заведени и поистоветени со соптвената кал
И’ се молат на празнината и пред златни телиња клечат

И не знам зошто баш јас сето ова морам да го констатирам
Наместо да одам да копам темели, да шеловам и земја да сеам
Господе, прости ми што сега и овде јас его лудило ширам
Со свесност дека еден ден она што сум го посеал ќе го жнеам

31 Март, 2014-то лето Господово

No comments: