Сакам да верувам дека тоа нема да се случи
Ама нешто однатре на друг заклучок ме тера
Големиот број на залакомени и озлобени глаучи
Од корен ми ја растресува мојата силна вера
На светов и веков се’ е постојана трансформација
Дијалектика на спротивности, контрадикција
На тој закон му е подложна и мојата нација
Иако многумина ја живеат сопствената фикција
Сакам да верувам дека тиквата нема да пукни
Ама мојава интуиција сепак нешто друго ми вели
Заспаните пак треба реалноста в гла да ги чукни
О црни костими, о шарени вратоврски, о кошули бели
No comments:
Post a Comment