Wednesday, April 2, 2014

Ме влечат зборовите за јазик

Потребата да зборувам и да пишувам е како краста
Шо појќе ја чешам то појќе ме јади
Сака уште чешање
Опишувам емоции со мисли, мисли со луѓе, луѓе со процеси
Сите сме поврзани со мисли, чувства, зборови и дела
И сите копнееме по нешто да кажеме, да објасниме, да се изразиме да напишеме
За себеси, за другите, за светот во нас и околу нас
Не оти знаеме нешто, туку пуста потреба да кажеме нешто за ништото
За празнината, за без-дната

No comments: