Гадно е кога Господ ти ја дал сета Негова сила
А ти најуспешно ја глумиш улогата на жртва
Гадно е кога Господ ти дарил за летање крила
А ти си се поистоветил со својта природа мртва
Постојано едно те исто себеси и вам ви повторувам
Силата е благослов и проклетство истовремено
Навистина ми е мачно кога то па то зборувам
Она што со љубов ви е дадено со сила ќе ви биде одземено
Затоа што не ја разбирате својата боженствена природа
Затоа што појма немата од што сте составени
Затоа од животот свој правите лук и вода
И во сопствените крвни садови ќе бидете удавени
Извор сум на радоста, а гневен сум и тажен
Ме боли презирот што со секој збор го изразувам
О Господе прости ми што глумам вистинит, а сум лажен
Прости ми што го љубам она што го замразувам
Гадно е бидејќи за некои работи допрва станувам свесен
Јас кралот на универзумот, јас питачот белосветски
Телесниов простор веќе ми станува премногу тесен
Вришти во мене борецот за слобода – теоретски
Гадно е кога тежиш 30 кила појќе од реалната вредност
И теретот го префрлаш врз својте колено, зглоб и колк
Гадно е кога на својот его лудак му даваш предност
И глумиш бестрашен лав, а сеуште си расплакан волк
Господе, О Господе, само јас за себе знам колку ми е гадно
Копнежот по Тебе сум му го дарил на лукавиот его ум
И додека срцето свое во безљубов го оставам гладно
Не ќе можам на сопствената крштевка да си бидам кум
2 Април, 2014-то лето Господово
Thursday, April 3, 2014
Wednesday, April 2, 2014
Ме влечат зборовите за јазик
Потребата да зборувам и да пишувам е како краста
Шо појќе ја чешам то појќе ме јади
Сака уште чешање
Опишувам емоции со мисли, мисли со луѓе, луѓе со процеси
Сите сме поврзани со мисли, чувства, зборови и дела
И сите копнееме по нешто да кажеме, да објасниме, да се изразиме да напишеме
За себеси, за другите, за светот во нас и околу нас
Не оти знаеме нешто, туку пуста потреба да кажеме нешто за ништото
За празнината, за без-дната

Додека те чекам да ми се јавиш
Мислите се како мали бели облачиња на небото сино
Лебдат и пловат низ бесконечната и безгранична река
А јас седам во фотељава ко дечкото од старото кино
Кој со нетрпение филмот на платното да започне чека
Јас сум младичот, а ти си женската која треба да ја спасам
Од најлошиот, најзлиот, најподмолниот убиец и бандит
Јас знам дека во последниот клучен момент ќе втасам
Да го убијам тоа лајно од човек, that man, that piece of shit
Јас сум проекторот, јас сум платното, јас сум и режисерот
Јас сум сценографот, јас сум сценариото и јас сум сцена
И јас сум тој што треба да те спаси убавино, тебе од ѕверот
А на крајот, како во секој добар филм – ќе те земам за жена
Се’ е спремно, само уште на тебе душо моја мила се чека
Ти, о хероино, треба зборо да го дајш, да повлечиш нога
Ти треба да и’ бидеш плима на мојава емоционална осека
Само ти сило бо-женствена можеш да ме доближиш до Бога
И додека чекам да ми се јавиш зборовите стихови си творат
А јас си штракам по тастатурата на lap top-ов TOSHIBA
И додека внатре во градиве пламтежни јазици срце ми горат
Свесен сум дека заљубениов ангел со ѓаоло зол се гиба
Играј си, о сило невидима, играј си со ова срце и со овој ум
Танцувај врз боите на виножитото, о пеперуго лекокрила
Јас знам дека на оваa боженствена сцена само нова улога сум
Која треба да биде одиграна совршено од срце и од петна жила
Tuesday, April 1, 2014
HARD CORE
Последното римско царство е веќе во распаѓање
Ги прават предсмртните потези центрите на моќ
О Господе, чувствувам процес на препораѓање
Ново светло утро пред најмрачната световна ноќ
Вавилонската курва на кило го продава својот химен
Завиткан во наивноста на невината демократија
Мртво тело, со старо знаме завиткан сандук лимен
Јасна порака што его умовите сеуште не ја сфатија
Лукавиот ги распослал своите дребулии дражесни
Поклониците на мамон вриштат IN GOD WE TRUST
Во kali yuga чедата божји се негови пленови лесни
Рибарот ги фрлил своите мамци: money, power, lust
Парачи на небото ги крстиле пенисите од арматура
Руските самури седнати во златни царски сандалии
И додека плебсот десетокот им го плаќа во натура
Тие глумат светски кадии, имами, падишаси, валии
Сакатите шајној ја продаваат својта безбожна наука
Празните листови нејзиното мастило го купуваат
Во меѓуребрените простори скаменето срце им чука
Сезнајните богови во својта сезнајност заглупуваат
Вампирите ја пијат Исусовата крв од Светиот Грал
Додека од усните светите списи како река им течат
Душите заведени и поистоветени со соптвената кал
И’ се молат на празнината и пред златни телиња клечат
И не знам зошто баш јас сето ова морам да го констатирам
Наместо да одам да копам темели, да шеловам и земја да сеам
Господе, прости ми што сега и овде јас его лудило ширам
Со свесност дека еден ден она што сум го посеал ќе го жнеам
31 Март, 2014-то лето Господово

Копам гроб во празнината
Господе, си ми дал две раце за давање и прегрнување
Си ми дал две нозе за простум стоење и за одење
Си ми дал две очи за скивање и за погледнување
И органи за размножување, односно за љубов водење
Господе, си ми дал уста за молење и простување
И збор за изразување, опишување, благословување
И здив за закрепнување и за просветлување
И ум за продлабочување и возвишување
Си ми дал се’ што на светов и веков за опстанок ми треба
И си ме фрлил во материјалнава егзистенција
Како искра во твоите боженствени неба
Во празнината да ја откријам сопствената есенција
А Ти, Ти од мене си се скрил длабоко во срцево мое
Си замолкнал, си заќутел, исто ко да те нема
И чекаш тронот Твој од мене да биде освоен
Чекаш јас лично да ја разрешам Твојата дилема
Си се претворил целиот во прашања без одговори
Си се завил во таинствена маѓија и си се прекрил со мрак
И си ми го пуштил лукавиот со мене да се договори
За да ме искусиш колку сум доследен, истраен, јак
А јас, јас его лудакот сум се поистоветил со лагата
Верувам дека сум парче месо со споулавен и заблуден ум
Сум тргнал по беспатијата, сум ја изгубил трагата
Сум ја заборавил целта и не знам тука зошто сум
Ништо не ми е јасно, се’ ми е карма караши, турлитава
Затоа гребам со нокти и касам со заби како ѕвер бесен
А потоа си ги лижам раните, уморен и со волја млитава
За се’ што сум помислил, рекол и сторил не сум свесен
Самиот себеси со поглед лаком си го копам гробот
А нема да понесам ништо, освен својта глупост и беда
Бидејки јас светлосниот воин сум се поистоветил со робот
Со смрт си ја прославувам секоја своја животна победа
Распнат помеѓу љубовта и стравот по вечност копнеам
Со пеколни планови си го разубавувам сопоствениот рај
А потоа самиот себеси со сопствената коса се жнеам
И на сите свои почетоци самиот себеси си ставам крај
И како мало дете плачам над секој свежо ископан гроб
А Ти О незаситна без-дно ко мало залаче ме проголтуваш
Мене бесмртниот крал, мене просјакот, на лукавиот роб
И сите свои тајни длабоко во празнината ги чуваш
И секој мој примален крик со милост нежно го обвиваш
И пак ми даваш шанса без збор да Те погледнам в очи
И повторно од љубопитново дете тајната ја сокриваш
Се’ додека мудроста бунарот на љубовта не го продлабочи
И кога последниот здив ќе го закопам длабоко во празнината
Кога ќе ми биде задоволена и последната несвесна желба
Тогаш Ти О Господе Боже ќе ме прекриеш со тишината
И ќе ја исцелиш душава од сета нејзина внатрешна поделба
19-ти Март, 2014-то лето Господово

Гледам
Гледам како родителите ги јадат своите деца
Гледам како децата ги мразат своите родители
Како коцкарите губат партии со четири кеца
Како живите богови се сопствени усмртители
Гледам како вистината во лага се претвора
Папагалски повторувана од усните на ѕверот
Како сонот станува најужасна ноќна мора
А животот примален крик во етерот
Гледам како душите се пазарат со ѓаволот
Како меѓусебно се продаваат и купуваат
Како се спремни жезлото, круната и престолот
До последниот здив, капка крв, да ги зачуваат
Гледам Господе како слугите на лукавиот
Гинат за погрешни вредности, лажни идеали
Не го препознаваат и го распнуваат ОНОЈ ПРАВИОТ
Кловновите, одачите по жица, дворските будали
Мувите на пазариштето и голтачите на пламење
Најмногу го мразат кршачот на старите плочи
По него пцујат, плукаат и фрлаат со камење
А Тој, Тој сочувствува, проштева и СВЕДОЧИ
Март, 2014-то Лето Господово

Everybody is fine, everything is OK
Вечерва до срж ме болат старите емоционални рани
Солзите од машково срце незапирливо истекуваат
Со примален крик рикаат лешевите внатре закопани
Вечерва не знам што боговите од мене очекуваат
Се разнежив на момент, одамна не сум липал така
Се созедов, се прибрав, се вратив во овде и сега
Не е лесно човек да се справи со сопствената мака
И’ посветувам внимание какво што и’ прилега
Еонската тага знае да ме преплави ко река дива
А потоа љубовта со смирение солзите ми ги бриши
О колку ми недостига голтка од изворот со вода жива
Дечко, ајде те молам – диши, диши, диши, диши
Длабоко во срцето ѕверски нож си имам забиено
Од времето на Адам и Ева, од прапочетниот грев
Длабоко негде во мутлите на умов го имам скриено
Сеќавањето за она што еднаш некогаш вистински бев
Затоа вечерва ме болат сите работи неазавршени
Сакаат да бидат заокружени сите животни кругови
Ме болат сите срца од негрижа и невнимание скршени
Оваа нива постојано ја ораат боженствените плугови
И се’ додека не станам плодна почва за небесното семе
И се’ додека од срце не ги одболам болките породилни
И се’ додека анѓелот, а и ѓаволот, своето не си го земе
Ќе бидам плен на обилни дождови и ветришта силни
Март, 2014-то лето Господово

Сакам да верувам, ама ...
Сакам да верувам дека тоа нема да се случи
Ама нешто однатре на друг заклучок ме тера
Големиот број на залакомени и озлобени глаучи
Од корен ми ја растресува мојата силна вера
На светов и веков се’ е постојана трансформација
Дијалектика на спротивности, контрадикција
На тој закон му е подложна и мојата нација
Иако многумина ја живеат сопствената фикција
Сакам да верувам дека тиквата нема да пукни
Ама мојава интуиција сепак нешто друго ми вели
Заспаните пак треба реалноста в гла да ги чукни
О црни костими, о шарени вратоврски, о кошули бели

Subscribe to:
Posts (Atom)