God Bless Macedonia
by Jove Hagievski on Tuesday, February 22, 2011 at 1:24am
kinky
перверзни зомбии околу мене перверзија шират
а јас се обидувам да останам нормално - луд!!!
додека тие непрекидно во етерот онанират
и меѓусебно, а “по тро“ и со народо чинат блуд
се обидувам да останам настрана од сето срање
да не влезам во бои, лакови, фрчи и четки
да не бидам жртва во некое сенародно “клање“
да не плаќам подметнати и туѓи крвави сметки
но, прашање е колку може човек да остане чист
покрај толку перверзија којашто пичи низ етерот
во ова време во кое владее лукавиот антихрист
тешко е да не те фати мајата и да не те одвеј ветерот
перверзни толосуми се мотаат низ темнината
и сите пуљат да ти го опашат, да ти го збичат
и разбира се, за се` врз тебе да ја фрлат вината
да ти го сменат идентитетот и да те обезличат
господе, имај милост кон мене грешнаго
господе, дај ми сила да им одолеам на искушенијата
господе имај милост кон мене неутешнаго
и кажи ми вошто е штосо со јаболкото и змијата
No comments:
Post a Comment