чувствувам
имам чувство дека крајот му се ближи
на мојата потрага по тебе - изгубениот дел
чувствувам дека умов престанува да се движи
и дека се наоѓам пред вратата на својата цел
и не знам што да направам, неискусен сум
дали да почнам да молам на колена клекнат
со искрено љубечко срце и со отворен ум
се` додека во тебе сите цврстини не омекнат
или свесно, покорно и трепеливо, да чекам
срцето твое бо-женствено да ми го отвориш
и еднаш засекогаш да престанам да пекам
по зборовите - влези внатре да се одмориш
уморен сум, верувај ми, чекорот ми е бавен
сакам и верувам дека вистинската ти си
и јас како тебе сум доволно измачен и изгњавен
ако не си таа, те молам, речи ми - оди си!!!
па сепак, внатре чувствувам дека те знам
и покрај сите твои студени ѕидови и отпори
верувам дека кога себеси сиот ќе ти се дам
и срцето твое во моево ќе поска да се одмори
не ги знам сите одговори и сите животни тајни
и во моментов нависта за избегнување добар сум
сеуште сум неопитен во процесите спознајни
но верувај ми - имам добро срце и отворен ум
и сакам да ја откријам тајната на твоето срце женско
верувам дека љубовта моја за тебе и за него е лекот
клучот кон нашето беспросторно и безвременско
чувствувам дека искрено те сака и почитува човекот
No comments:
Post a Comment