сакам
сакам да ги споделам и почетокот и крајот
сакам во тебе да умрам и пак аа се родам
сакам убавино и од пеколот и од рајот
сакам, о љубов, двајцата да не` ослободам
сакам срцево мое во твоето срце да се смее
сакам умов мој во твојот ум да мирува
сакам гласов мој од твоите гради да пее
и свесноста моја со твојата да се проширува
No comments:
Post a Comment