на едно буниште саде се топорат
еден куп петли гордо надуени
за сув леб и понекој црв се борат
од лакомост, злоба и завист отруени
се колваат по гла, по кикиритка
очи си вадат еден на друг
заради својта памет плитка
се вртат одново во истиот круг
во последно време кукурикаат гласно
секој својте кокошки ги вика
и од ден во ден станува поопасно
секој секому сака да му го спопика
очигледно бапките им се полни
па сега се колваат меѓусебно
од нивните кукурикања болни
буништето е ко претпријатие погребно
а нема долго да чека нивнио стопан
ќе им го скини врато на сите
ќе ги претвори во супа,бело месо, копан
во еден миг ќе им ги скрати дните
но тогаш ќе биде касно да разберат
на чие буниште газди се прат
и во чиј двор се ранат и серат
и од чија рака сатар ќе јат
No comments:
Post a Comment