Saturday, May 25, 2013

Вера


Дали некогаш сте се прашале ЗОШТО ВЕРУВАТЕ?
Во Исус Христос, во Мохамед, во Саи Баба, во Буда
Сте се запрашале ли ЗОШТО ВО ВЕРАТА ПРЕТЕРУВАТЕ?
Дали затоа што некој така ве научил или верувате во чуда

Навистина – која е потребата да верувате во некој?
Зошто ви се потребни некои ликови од минатото?
Зошто заради крстој и полумесечини се убивате со векој?
Сте се прашале ли ЗОШТО??? О вие, птиците од јатото

Денеска една жена ми пишува во мене не сакала да верува
Бидејки ги промовирам Саи Баба, Шри Чинмој, Ошо, Кришна
WOW, очигледно јас сум тој што во верата своја претерува
Очигледно имам погрешни слики за Божјата Личност Севишна

WOW, јас од вечерва треба да бидам разочаран потполно
За тоа што некој во мене не верува заради мојата вера
Ух, тоа искуство ќе мора за мене да биде ужасно болно
Ќе паднам в крвет болен ко покосен од лепра ил’ колера

Луѓето си филмаат филмови и си веруваат во истите
А своите животи ги претвориле во паника, ужас, пекол
Гледам на животната сцена како покосени паѓаат артистите
Некој се обесил, друг се отрул, а трет вени си секол

И кога ќе им спомнеш нешто за Бога и за боженственоста
Посебно ако имаш различни концепции, сфаќања, искуства
Мажите добиваат машкост, а жените ја губат женственоста
Спремни се безмилосно да згазат преку твоите верски чувства

Сум сретнал многу верски фанатици и духовни аналфабети
Кои три чисти немаат за она во коешто се колнат и крстат
Кутрите тие, себеси и на другите им нанесуваат разни штети
Спремни се и да убијат, за да ја докажат својта вера цврста

А јас, јас сум пансекташ, верувам во сите ДУХОВНИ УЧИТЕЛИ
Исис, Мохамед, Ошо, Јогананда, Шри Чинмој, Саи Баба, Буда
Верувам дека сите тие се на целиот човечки род просветители
Но, малкумина од родот човечки да го сфатат словото се трудат

А словото е следното: Know thyself - Или Спознај се самиот себеси
Сите просветлени духовни Учители постојано тоа го зборуваат
Откријте ги во длабочините на срцето свое боженствените небеси
Изгледа како да е залудно тоа што телалите божји го повторуваат
Господ Бог Исус Христос рекол: Не фрлај пред свињи бисери
Господ Бог Исус Христос рекол: Не дојдов да донесам мир, туку меч
Денеска егата се качат на многу ќеш, бесни коли, јаки хидроглисери
Кажете ми: Колку мина од вас ја проучуваат Боженствената реч?

И кога ќе им понудиш некоја мудрост одма ја отфрлаат
Бидејки е кажана од духовен Учител кој не е како нивниот ист
Господе Боже, со глупи објаснувања можат да те збрлаат
И да ти докажат дека си луд секташ или опасен антихрист

Дали сте го читале Ниче, најголемиот меѓу западните филозофи
Вие сувишните, вие мувите пазаришни, вие варосаните гробови
Погрешната вера е една од најопасните и најтешките катастрофи
Таквите верници се на лукавиот најверните слуги и робови

Мудреците велат: Не верувај во ништо се’ додека не искусиш
Мудреците велат: Свесното искуство е критериум за вистината
Како можеш да веруваш дека нешто е благо ако не го вкусиш
Господе прости ми, за секоја глупост од мојов ум откината

Нема повеќе да зборувам за верата, никого во ништо не убедувам
Секој има право да верува во она што умот негов ќе посака
Сигурно е едно – јас ниедна од крајните вистини не поседувам
Ова писание нека биде од мене до тебе искрена порака



No comments: