Saturday, May 25, 2013
Сфатив
Сфатив дека малиот Едип и Нарцис е повреден
Сеуште против големата моќна мајка се борам
Сфатив дека лукавиот во мене ќе биде победен
Кога свесно во суштините мои ќе се одморам
Сеуште имам незавршени работи со жените
Малото повредено дете станало ѕвер лукав
Спремен да ми скине врат, да ми ги сече вените
Еднаш дури и во сопственото срце си пукав
Сфатив Господе дека сега кај да бегам нема
Повторно соочување со самиот себеси ми следи
Свесен сум дека самиот на себеси сум си тема
Време е да менувам ставови и животни погледи
Страв од љубовта
Господе, се појави љубовта и егото крена прашина
Го подотворив тро срцето и лукавиот крена глава
Ти рексот исконски најмоќната крвожедна машина
Повторно посака да си ја врати својта стара слава
Мракот од светлината се обидува да ме оддалечи
Его умот сака да ме оттргне од срцето емоционално
А јас се обидувам љубовта раните да ми ги залечи
И за малку тој обид ќе завршеше по мене фатално
Ќе си направев грев на душата повредувајки друг
Друг човек, друга жена, друго спиритуално битие
И повторно ќе завршев во сопствениот пеколен круг
Свесен дека за мене ова не е баш пријатно откритие
Се истопори ѕверот помеѓу мене и една жена
Во вид на додворувач и психотерапевт истовремено
Господе прости ми, за малку ќе беше распарчена
Бргу сфатив дека правото да сакам ми е одземено
Кога видов како лукавиот ко ти рекс на патот ми стои
Сфатив колку е опасно тоа што се обидов да го сторам
Љубовта срцето ми го праплави и душава ми ја освои
И почнав внатре самиот против себеси да се борам
Видов како ти рексот отвора конзерви од туна, сардини
Како сладострасно сите околу мене ги черечи и јаде
Видов како и мене сака срцето да ми го скрши и раскини
Да ме остави емоционално празен и за љубов страден
Го осетив, седнав и сработив, а во Битола ќе го стросам
Потребна ми е рефлексија од страна на мојта колешка
Многу долго со лукавиот во себе се борам и му пркосам
Господе, борбата со темнината е неизвесна и тешка
Повторно родената
Господ Бог ми дозволи тебе на патот да те сретнам
Ми даде шанса на патот да искусам уште една жена
И повторно морам своето рамо да го подметнам
За и ти душо мила што побрзо да бидеш ослободена
Те сретнав меѓу паднатите ангели, птиците полумртви
Со срце скршено, лице насмеано, душа од патот уморена
На лукавиот му беше уште една од многуте несвесни жртви
Беше срна ранета, елка од секирата на злото соборена
Кога ме виде, со насмевка ги осоколи своите ведри очина
И со својата чиста енергија ме преплави, ме изненади
Ми зборуваше дека си во друштво на некоја штеточина
Беше жена која сака нешто со некого да разјасни и изглади
Јас ти реков дека лекувам души со broken heart syndrome
И дека врз умот и срцето суптилни операции правам
А на твојата чиста енергија се закачив како на јадица сом
И посакав повторното раѓање на љубовта да го славам
Ме обзеде Господе, Твојта љубов, Твојта сила невидима
Во тој миг ја почувствував Твојта маѓија бо-женствена
Одма видов дека нешто не е ок, дека нешто не ми штима
Свесен бев дека налетав на уште една повредена жена
Но, почувствував дека сеуште срцето и’ е подотворено
Енергијата што ме понесе беше доказ дека јас треба
Да ја поправам штетата што лукавиот ја има сторено
И да ја насочам оваа душа кон нејзините внатрешни неба
И така јас пак се вмешав во нечија карма негативна
Повторно заклучувајки дека таква е волјата Твоја, О Боже
А повторно-родената сакаше сал болките да и’ стивнат
И полесно да помине низ својот процес тежок и сложен
Но, не очекуваше соочување со сопствената глупост и беда
Мислеше дека на раните ќе и’ ставам мелем, завој и газа
Боли превземањето на одговорноста за секоја своја повреда
А итрецот, лукавиот, почна да глуми наива, обична tabula rasa
Почнаа на површина да излегуваат ламјата и панцирот
И сите костури одамна сокриени во мракот на плакарот
Се појавија главоболки и секојдневие стана не-мирот
Рената почна да се преиспитува – каде ли е тука ќарот?
Премногу си строг, лошо ми е, не мом да те пратам
Не сум спремна, почна да ми глуми твојата жртва
Многу ми е, боли, што ми го правиш не мом да сВатам
Лукавиот сакаше да ми докаже дека лавицата е мртва
А јас ти велев – јас баш неа ја сакам и ја почитувам
Мене ми треба и жртвата и робот на твојот его ум лукав
Затоа огнот во тебе го распалувам и железото го усвитувам
Затоа со сета сила на портите на твоето срценце чукав
А ти вчера ми рече – јас во љубовта повеќе не верувам
Но твоето искрено смеење токму спротивното го покажуваше
Не сакам лавице моја мила повторно да претерувам:
Дали себеси или мене да ме излажеш неуспешно се обидуваше?
Ти реков – не сум дете, маж сум осетлив на енергијата чиста
Можеш да ја ослободиш или да ја закопаш внатре во себеси
Но после средбата со мене ти никогаш повеќе нема да си иста
Доказ е енергијата што протече од твоите внатрешни небеси
И пак мораме да се вратиме на лукавиот, на сомнежот и стравот
Твојот несвесен его ум е твојата прва и последна препрека
Ако лавицата само малку му поверува и му се препушти на лавот
Тогаш ќе го добиеш она по коешто срцето твое одамна пека
Зборовите не значат ништо, ако не се поткрепени со дела
Дозволи ми на дело да ти го докажам ова што го зборувам
Се сретнавме и тоа е доказ дека тука судбината се вплела
Сето друго зависи од тебе, нема повеќе да се повторувам
Р.Ѕ.
Да се видиш со моиве очи посакувам многу
И со моево искрено срце да се почувствуваш
Морам да бидам вистинит, фала Богу
Рената - сакам во мојот живот да присуствуваш
И на крајот пак свесно ќе речам
Нека биде волјата Твоја О Господе Боже
И пред олтарот свој ќе клечам
И ќе молам – Милост, милост, ако се може
Милост за нас душите изгубени
Свесност Господе и жива вода
За сите нас во слепилото заљубени
Дари ни мудрост, љубов и слобода
Многу невини и наивни бладања во соно
Многу количества невиност во срцево мое убив
Многу смрт во живата река на постоењето внесов
Многу од душава на комар со лукавиот изгубив
Многу јад, жолч, бес, отров и глупости истресов
Половина век ваму-таму талкам по земјинава кора
И тек тук во понекоја душа некакви траги оставам
Правам напори да се разбудам од оваа ноќна мора
Се обидувам себеси, а и светот да не го запоставам
Често наивни и луди летови во место изведувам
Јас сум виспрено чедо на трагедијата и комедијата
Од штиците на животната сцена се сопкам и се повредувам
Фала Богу, сеуште ми чука срцево и здрава ми е шијата
Многу розови соништа и оптимистички планови ковам
Многу често од сопствените висини на бапкам паѓам
Многу успешно во од мене поставените замки се ловам
Многу совршено знам да претпоставувам и нагаѓам
Еднаш напишав дека јас сум некое многу чудно копиле
Се трудам пораките на Творецот да ги толкувам и сфатам
Богот на војната ме завел, а божиците на љубовта ме опиле
Затоа во лимбо сум заглавен и во чистилиштето патам
Да бидам искрен, добро е, сеуште сум на нога, се крепам
Тро сум ќор, а тро и наглув, ама умо сеуште ме служи
Имам мирен сон, деној сончеви, ручеко и вечерата ги тепам
Арно ама, сеуште немам женска душа на пато да ме дружи
Можеби таква е волјата Негова, сеуште не сум спремен
Изгледа некоја важна животна лекција немам научено
Свесен сум дека во срцево имам по некој агол темен
Бидејки потполно, сега и овде, умов не го имам вклучено
Едно Господе Боже со сигурност и без двоумење знам
Дека Твојата волја секогаш и секаде била, е и ќе биде
И никогаш на патот низ својов пекол нема да сум сам
Бидејки срцево мое Тебе Те позна само што Те виде
Затоа Господе Боже длабоко од праизворот велам
Нека биде волјата Твоја и нека се слави името Твое
Дозволи ми љубовта со душа сродна да ја споделам
И секој животен миг од љубовта Твоја нека е освоен
Ми треба супервизија
Господe, постојано налетувам на жени длабоко повредени
Кои околу срцата свои подигнале високи бедеми камени
Од сопствениот лукав его ум внатре се заробени и победени
Станеле бесни кербери на својот пекол, уплашени и осамени
Гледам како од своите меки срца направиле постели тврди
А од своите тела запустени градини полни со трње и коров
Посадиле чувства и мисли од свои животни искуства грди
Сакам да си го поткасам јазикот за да не го искажам зборов
О Господе Боже, колку сето тоа длабоко до срце ме боли
Мене психотерапевтот, мене човекот, мене мажот, мене поетот
Знам колку и’ е тешко не секоја душа пред мене да се разголи
И за прв пат вистински болката да си ја извади пред светот
И пак како прва препрека на патот се јавува несвесиот его ум
И тој со претпазливост, со сомнеж и страв, мене ме проценува
И преку проекциите сака да ме види каков психотерапевт сум
Додека внатре во срцето женско љубовта без свесност овенува
А јас постојано СВЕСНОСТ, СВЕСНОСТ ФАЛИ им повторувам
Бидете свесни како на сопствениот его ум сте му станале робови
И знам дека на цврстите ѕидови од нивните тврдини им зборувам
Јасно им е дека сакам да ги спасам од нивните надземни гробови
Тогаш егата нивни почнуваат на мене, како на арамија, да лаат
Така се чувствуваат сигурни, безбедни и од мене заштитени
А дека внатре емоционално умираат, на несвесно ниво, знаат
Но, не знаат дека за тоа се одговорни егата во главите усвитени
Се повеќе станувам свесен дека грешам кога им цртам подробно
Покасно сфаќам дека не ме разбираат што сакам да им кажам
Моето објаснување за нив станува искуство непријатно и кобно
Бидејки тоа се претвора во игра во која нивното его го снажам
А нивните умови постојано се љубопитни и бараат информации
Станувам свесен дека доста често со објаснувањата претерувам
Се’ повеќе сфаќам колку се опасни таквите ментални мастурбации
И во фактот дека тука грешам, се’ повеќе почнувам да се уверувам
Сфаќам дека нешто во начинот свој под хитно морам да сменам
Морам од позицијата на сезнајно его да се повлечам наминовно
Ако сакам нечии срца да излекувам, или нечие срце да пленам
Бидејки вака изгледам како тежок его лудак, како човечко говно
Морам под хитно кај својата колешка да одам на супервизија
Морам својот его лудак да го извадам на светлото од денот
Инаку пак ќе западнам во замката на личната хипокризија
И повторно ќе дозволам со мене да завладее его кретенот
Курчење
Господе прости ми, се курчам дека знам и можам
Во последно време навистина премногу го дрвам
Учам како почесто со волјата Твоја да се сложам
Како полесно по патот низ својот пекол да врвам
Колку повеќе се вртам кон себеси и добивам сила
Толку повеќе лукавиот со жезлото на тронот се дуе
Его лудакот, ѓаволот во мене добива ангелски крила
Душава со гордост, надменост и ароганција ми ја труе
Кој его трип е тоа Господе, само јас самиот си знам
Тоа е ментална ебачина од универзални размери
И сега кога сум свесен за ова, ме фаќа голем срам
Само срцево мое играва подмолна може да ја разбери
Пајак сум што се заплеткал во сопствената мрежа
Рибар сум што на сопствената јадица и’ станал црв
Колку успешно его лудакот ме исфрла од рамнотежа
И на крајот сето тоа јас си го плаќам со својата крв
Крстопати, распетија и премрежја
Длабоко во срцево мое копнеам по Тебе, о небесна жено
И знам дека внатре во самиот мој копнеж си сокриена
О ти боженствен разбоју, о ти нишко на моето вретено
О сило бо-женствена што во сржта моја лежиш успиена
И со умов детски сакам да ја сфатам твојaта природа дива
Јас малиот Едип, јас повредениот Нарцис, да, баш таквиот јас
Сакам тебе, о бесна кобило, да те зграпчам за ‘лскавите грива
Да те спитомам, така во срцево ми говори безгласниот глас
Од Творецот ми се дадени сите упатства, алатки и орудија
Знам дека се’ што ми е потребно од искона го поседувам
Небесните Татко и Мајка да ме направат совршен се потрудија
А јас непрокопсаниот син постојано срцата им ги повредувам
Заталкан по беспатија, на крстопатите на вечноста збунет стојам
Во лавиринтите на умов барам смисла-патоказ што ќе ме води
Се обидувам парчињата живот со лепакот љубов да ги спојам
И молам Господе милоста Твоја од пеколов мој да ме ослободи
А Ти велиш – Се’ ти е дадено, мило мое чедо, продолжи, барај
Каде и да тргнеш, знај дека СЕКОЈ ПАТ КОН МЕНЕ ВОДИ
Кога си уморен, легни, поспиј, во срцето свое блажено одмарај
И биди сигурен дека волјата Моја еден ден ќе те ослободи
А јас од патоказите крстови си ковам и на нив се распнувам
И крварам и со крвта своја тенка црвена линија среде цртам
Длабоко во срцето раните болни од очите на светот ги чувам
Се преврќам в кревет, во сонот бладам и со забите чкртам
Животот е полн со премрежја во чии искушенија заглигбуваме
И вриштиме по Тебе, О Господе Боже, помагај, до срце боли
А длабоко внатре Тебе во сопственото срце заробен Те чуваме
Треба само секој на Твојата љубов да протече да и’ дозволи
Повредени, исплашени, скаменети, соѕидани и внатре заробени
Сокриени во своите ѕидини, зад нишанот чекаме на пусија
И сите луѓе ги чувствуваме како опасни непријатели озлобени
А внатре е студено ко Гренланд, ко Арктик, ко Сибир во Русија
Кербери
Кербери, стојат во влезови, на паркинзи, пред врати
Кербери, седат зад шалтери, бироа и пред скринови
Кербери и во Македонија и во Обединетите Штати
Кербери, миничиња, а се однесуваат како џинови
А јас его лудакот ги дразнам и збеснувам со збор
Се` додека не им видам пена в уста и низ очи оган
Јас сум револуција, непослушност, јас сум отпор
Јас сум Божјиот непрокопсан син со јазик поган
Кербери системи, кербери држави, кербери влади
Кербери партии, кербери се војничињата партиски
Спремни се крв да ти пуштат керберите млади
Да ти изват бубрег, здробат заби и скршат писки
О кербери, што пеколните врати ревно ги чувате
Вие што од дното на празнината кон ѕвездите лаете
Спроти ветерот што плукате и на маштејнцата дувате
О вие што граматиката на животот не ја знаете
Не знам дали со вашата глупост да сочувствувам
И да ви помогнам да излезете од сопствената беда
Или во вашето присуство најчесто да отсуствувам
Со свесност дека ќе ми нанесете ушедна повреда
За жал, каде и да одам постојано на вас налетувам
Изгледа нема бегање од вас стражарите на адот
Утрово оваа песна од срце вам ви ја посветувам
Таа е клучот што ги отклучува капиите на градот
И како што реков ...
Долго и длабоко во срцево свое поетот го имав потиснато
Бидејки рани од претходни љубовни искуства исцелував
И последниве години бев како пиле гаќесто испокиснато
Се криев, се таев, ме немаше, нити постоев, нити делував
И одеднаш повторно во мене се разбуди таа, маѓијата божја
Се појави одненадеж, неочекувано, како што само таа знае
Бликна со сета своја подземна моќ од срцевите ми подножја
И ме преплави кo река која потопува се’ и за ништо не се кае
Ме фати непендек, неспремен, набрзина, в тесно, неочекувано
Ме дрмна ко гром од ведро небо, ко татнеж од подземен екот
Срцево копнееше свесно, знаејки дека без неа е недоизлекувано
Долго по неа, по живата вода, жеднееше во мене мажот,човекот
Не си ни едно, ни друго, ако со неа не ти се навадени корените
Не те бива за ништо, ако таа стоплата боси не ти ги накваси
Жалосно е што на неа заборавиле срцата на мажите и на жените
Се’ додека еден ден еонската тага очите со солзи не им ги нараси
Таа срцата нивни ко лешници ги распарчува, ги дроби, ги крши
А во умовите предизвикува в-чудо-не-виденост, конфузија, страв
И откако својата работа со елеганција ќе си ја одработи и заврши
Краставиот жабец го трансформира во принц, а глушецот во лав
О ти сило боженствена којашто ми го маѓепсуваш срцево лудо
О ти прекрасна убавино што стихови од врвовиве на прстиве сееш
О ти енергијо што од баналното секојдневие креираш божје чудо
О ти врела брановидна леснотијо што однатре душава ми ја грееш
Ти се радувам како дете на насмеана мајка, како цвет на пчела
Среќен сум што ко утрински сончев зрак врз срцево мое слета
Очиве мои ко разиграни птици во небесата божји градат седела
Телово ми е нафора, а крвта вино, спремен сум за литургија света
Изгори ме и искали ме, о љубов, во твоите подземни пеколни огништа
Натопи ме, о љубов, со твоите небесни предсказанија и привиденија
И нека вистината и милоста Твоја целиот мрак во мене го поништат
О љубов, еве, ти се предавам, судбинава моја ти место мене измени ја
Спремен сум повторно цехот со крвта своја свесно да го платам
Спремен сум Господе одговорно теретот свој на рамо да си го земам
Спремен сум О Боже јас расколникот повторно да се преобратам
Бидејки сум свесен дека освен Патот на љубовта, јас друг пат и немам
Животот е чудна работа
Не’ створил Господ според Неговиот боженствен лик
Ни дал меко срце, бистар ум и божје тело совршено
И всадил внатре еден бесмртен светлосен мировник
И намерно оставил нешто недоизречено и недозавршено
Не’ обдарил со слободна волја за да го довршиме делото
И свесност и љубов, бесконечна енергија креативна
Не’ створил како делови кои во себе го содржат целото
Тој, Океанот на чии брегови нашите бранови ќе стивнат
Имаме се’ што ни е потребно да бидеме среќни и задоволни
Па сепак постојано на нешто се жалиме и кукаме
Се раѓаме живи и здрави, а умираме физички и умо-болни
На се’ што од Бога ни е дарено разбеснети плукаме
Очигледно во меѓувреме ни се случува нешто страшно
Нешто што не’ оддалечува од ликот што Бог ни го всадил
А направени сме по Божји рецепт од ѕвездено брашно
Цветови во рајската градина што Бог со љубов ги навадил
Навистина, мора наопаку да тргнало нешто многу важно
Негде на Патот мора да сме скршнале и заталкале
Затоа имаме доживување дека се’ е бесмислено и лажно
И старадме бидејки во гревови сме се извалкале
Не, не и не, Бог рецептот го има згрешено или промашено
Тој е крив за се’ што ни се случува нам, Неговите чеда
Затоа од вистинскиот животот се имаме смртно уплашено
И наместо во мудрост и љубов, живееме во глупост и беда
Ха, ха, ха, Господ има многу опасна смисла за солзи и смеа
И токму во тоа е Неговата таинствена совршеност и величина
Ние сме творби на неговата промисла – најпарадоксална идеа
Во суштина сме безгрешни, а полни со чувства на вина
Види, навистина ова што ни го прави Бог е многу гадно
Се’ ни е даено, а не знаеме како тоа да го употребуваме
Затоа животот го врвиме в-чудо-не-видени бедно и јадно
И при секое враќање Бог во своите срца го погребуваме
Еден сум од Твоите
Еден сум од оние што во својот надземен гроб се закопани
Еден сум од оние што на лукавиот му се продале на парче
Еден сум од оние што на душата своја не му се стопани
Еден сум од оние предвреме остарен, излитен и поаречен
Господе вриштам во своите дамари по Твојот глас, по знак
Ко ранет лав гласно рикам СРЦЕ МОЕ ЛАВОВСКО - ОТВОРИ СЕ
Гризам од сопственото месо бесен и уплашен во својот мрак
Додека ѕверот во мене крвожедно завива УБИЈ, РАСКИНИ, БОРИ СЕ
Ми ја краде љубовта, ми го убива денот, светлината ми ја одзема
Ми ја уништува жената, срце ми корне и камен ми всадува
Во крвта моја ни ронка од Божјата животворна енергија нема
Господе помагај, лукавиот од ден во ден подло ме совладува
Милост Господе, за мене грешниот, за мене Твојот непрокопсан син
О благородна севозвишена Дево Маријо, О прамајко моја мила
Сакам да бидам твое чедо, човек добар, мил, нежен, кроток, фин
Да се гордееш со мене и да ти се радува срцето што си ме родила
Помаш барам од Вас О Прататко, О Прамајко, О родители небесни
Чујте ја молбата на ова срце што копнее по вашата љубов безусловна
Помогнете ми да станам едно од Вашите чеда благородни и свесни
И да се ослобадам од мојата гупост и беда, од сопствените говна
Милост Господе, за мене паднатиот ангел, за мене ѕверот крвожеден
Помогни ми да се соберам и повторно на нозе да се исправам
И да Ти докажам дека за довербата и за љубовта Твоја сум вреден
Помогни ми повторно да научам со душа и од срце да давам
Води ме Господе, О Ти сило небесна и невидима
Води ме по патот пред Твоите свети стопала
И покажи и’ дека на краjот од тунелот светлина има
На оваа душа што во надземниот гроб се закопала
OM SAI RAM
Додека те чекам да ми се јавиш
Мислите се како мали бели облачиња на небото сино
Лебдат и пловат низ бесконечната и безгранична река
А јас седам во фотељава ко дечкото од старото кино
Кој со нетрпение филмот на платното да започне чека
Јас сум младичот, а ти си женската која треба да ја спасам
Од најлошиот, најзлиот, најподмолниот убиец и бандит
Јас знам дека во последниот клучен момент ќе втасам
Да го убијам тоа лајно од човек, that man, that piece of shit
Јас сум проекторот, јас сум платното, јас сум и режисерот
Јас сум сценографот, јас сум сценариото и јас сум сцена
И јас сум тој што треба да те спаси убавино, тебе од ѕверот
А на крајот, како во секој добар филм – ќе те земам за жена
Се’ е спремно, само уште на тебе душо моја мила се чека
Ти, о хероино, треба зборо да го дајш, да повлечиш нога
Ти треба да и’ бидеш плима на мојава емоционална осека
Само ти сило бо-женствена можеш да ме доближиш до Бога
И додека чекам да ми се јавиш зборовите стихови си творат
А јас си штракам по тастатурата на lap top-ов TOSHIBA
И додека внатре во градиве пламтежни јазици срце ми горат
Свесен сум дека заљубениов ангел со ѓаоло зол се гиба
Играј си, о сило невидима, играј си со ова срце и со овој ум
Танцувај врз боите на виножитото, о пеперуго лекокрила
Јас знам дека на оваa боженствена сцена само нова улога сум
Која треба да биде одиграна совршено од срце и од петна жила
Време е за супервизија
Почнувам да чувствувам како повторно да ме обзема
Лукавиот его ум, возгордеаното самозаљубено его
Почнувам да станувам свесен дека сака да ме нема
И повторно се обидува да ме замени мене со него
Повторно почнува да ми смета неговото присуство
Чувствувам како канџите околу вратов мој ги става
О Господе Боже, тоа е неописливо ужасно чувство
Кога знаеш дека твојот его ум сака да ти скине глава
Кога ќе осетиш дека луѓето кои почнуваш да ги засакуваш
Агресивно ги напаѓа и против љубовта нивна се бори
Опасно е кога со сопственото его не можеш да ракуваш
A свесен си дека под нозе почнува пеколот да ти гори
Време е да го извадам мракот свој на светлото на денот
Време е повторно да се соочам со лукавиот, со ѕверот
Време е да го раскринкам его лудакот во мене, кретенот
Инаку ќе ме однесе матната и ќе ме оддува ветерот
Вера
Дали некогаш сте се прашале ЗОШТО ВЕРУВАТЕ?
Во Исус Христос, во Мохамед, во Саи Баба, во Буда
Сте се запрашале ли ЗОШТО ВО ВЕРАТА ПРЕТЕРУВАТЕ?
Дали затоа што некој така ве научил или верувате во чуда
Навистина – која е потребата да верувате во некој?
Зошто ви се потребни некои ликови од минатото?
Зошто заради крстој и полумесечини се убивате со векој?
Сте се прашале ли ЗОШТО??? О вие, птиците од јатото
Денеска една жена ми пишува во мене не сакала да верува
Бидејки ги промовирам Саи Баба, Шри Чинмој, Ошо, Кришна
WOW, очигледно јас сум тој што во верата своја претерува
Очигледно имам погрешни слики за Божјата Личност Севишна
WOW, јас од вечерва треба да бидам разочаран потполно
За тоа што некој во мене не верува заради мојата вера
Ух, тоа искуство ќе мора за мене да биде ужасно болно
Ќе паднам в крвет болен ко покосен од лепра ил’ колера
Луѓето си филмаат филмови и си веруваат во истите
А своите животи ги претвориле во паника, ужас, пекол
Гледам на животната сцена како покосени паѓаат артистите
Некој се обесил, друг се отрул, а трет вени си секол
И кога ќе им спомнеш нешто за Бога и за боженственоста
Посебно ако имаш различни концепции, сфаќања, искуства
Мажите добиваат машкост, а жените ја губат женственоста
Спремни се безмилосно да згазат преку твоите верски чувства
Сум сретнал многу верски фанатици и духовни аналфабети
Кои три чисти немаат за она во коешто се колнат и крстат
Кутрите тие, себеси и на другите им нанесуваат разни штети
Спремни се и да убијат, за да ја докажат својта вера цврста
А јас, јас сум пансекташ, верувам во сите ДУХОВНИ УЧИТЕЛИ
Исис, Мохамед, Ошо, Јогананда, Шри Чинмој, Саи Баба, Буда
Верувам дека сите тие се на целиот човечки род просветители
Но, малкумина од родот човечки да го сфатат словото се трудат
А словото е следното: Know thyself - Или Спознај се самиот себеси
Сите просветлени духовни Учители постојано тоа го зборуваат
Откријте ги во длабочините на срцето свое боженствените небеси
Изгледа како да е залудно тоа што телалите божји го повторуваат
Господ Бог Исус Христос рекол: Не фрлај пред свињи бисери
Господ Бог Исус Христос рекол: Не дојдов да донесам мир, туку меч
Денеска егата се качат на многу ќеш, бесни коли, јаки хидроглисери
Кажете ми: Колку мина од вас ја проучуваат Боженствената реч?
И кога ќе им понудиш некоја мудрост одма ја отфрлаат
Бидејки е кажана од духовен Учител кој не е како нивниот ист
Господе Боже, со глупи објаснувања можат да те збрлаат
И да ти докажат дека си луд секташ или опасен антихрист
Дали сте го читале Ниче, најголемиот меѓу западните филозофи
Вие сувишните, вие мувите пазаришни, вие варосаните гробови
Погрешната вера е една од најопасните и најтешките катастрофи
Таквите верници се на лукавиот најверните слуги и робови
Мудреците велат: Не верувај во ништо се’ додека не искусиш
Мудреците велат: Свесното искуство е критериум за вистината
Како можеш да веруваш дека нешто е благо ако не го вкусиш
Господе прости ми, за секоја глупост од мојов ум откината
Нема повеќе да зборувам за верата, никого во ништо не убедувам
Секој има право да верува во она што умот негов ќе посака
Сигурно е едно – јас ниедна од крајните вистини не поседувам
Ова писание нека биде од мене до тебе искрена порака
Бејзикс
Работејки на самиот себеси и со другите луѓе
Чепкајки во своите и туѓите емоционални рани
Кога бев премногу уплашен и од себеси отуѓен
Во нуклеарниот отпад, полн со невротски одбрани
Почнав да откривам некои интересни механизми
Коишто постојано се повторуваа како некоја мостра
За тоа колку срцето сака, а лукавиот его ум пизми
Сфатив дека ја откривам структурата на Cosa Nostra
И колку повеќе откривав како работи таа мафија
Толку повеќе чувствував напади на лукавиот его ум
Ножицата сечеше криво, а јас тргав права рафија
Жесток беше конфликтот со внатрешниот толосум
О Господе Боже, колку бев и колку сеуште сум
Со таа перверзна самобендисана лага поистоветен
О Господе Боже подмолен е овој лукав его ум
Јас сеуште сум негов роб - ситен, наивен, недоветен
Сфаќам колку суптилно ја плети неговата мрежа
Колку вешто знае да се скрие зад доброто и злото
И колку лесно успева да ме исфрли од рамнотежа
Да ме возвиши на врвот и да ме бапни од дното
Колку совршено знае со суштината да се вплоти
Во најискреното, најневиното и најчистото се впива
И како мачка знае да преде и нежно да се кроти
Со отровна блажина го мати изворот на водата жива
Не можат да го разберат ова мувите пазаришни
Тие се занимаваат со грубото, со тешкото, со оловото
Тие не ги знаат неговите злонамеренија скришни
Ах колку добро се крстат, се молат и го толкуваат словото
Тие не го познаваат гробарот на душте нивни
Тие, сувишните, над без-дната жонглерите на жица
О вие робови, да знаете само колку сте наивни
Кога судите за книгата според нејзината корица
Глумите сезнајни, а ни слово од неа не сте прочитале
Како алваџиски тефтери ве отворам секојдневно
Гледам како в без-сознание заблудено сте заскитале
И се однесувате бесно, огорчено, разлутено, гневно
А јас, јас робот на најлукавиот помеѓу најлукавите
Ми дал Господ тро милост, тро љубов, тро знаење
Јас глумам дека сум најздравиот меѓу најздравите
А всушност и јас сум подложен на својот рок на траење
И мене коњите ми се уморени, папсуваат, калдисуваат
Пред да ми рикнат сакам откријам дел од вистната
Срцево копнее, а во главава разни ветришта дуваат
Сакам да љубам пред да останам со уста подзината
О Ти мудрецу што во срцево мое блажено мируваш
О Ти што во овие бели дробови внесуваш здив
О Ти што врагуваш и ко вампир се повампируваш
О Ти што глумиш мртовец, а си Еден, Сам и Жив
Тебе ти се обраќам и од Тебе изим за ова барам
Ти сакам врз ова бивствување да ставиш рака
По Тебе трагам, со Тебе се љубам и се карам
О Ти Творецу на сето блаженство и сета мака
Твоите безбројни лица често ме збунуваат
Твојата совршена игра ме заведува и води
Твоите тишини скришни тајни себично чуваат
А душава знае дека без нив нема да се ослободи
Затоа сакам она што сум го спознал да го споделам
Со другите души на патот заталкани и изнапатени
Овие ронки мудрост во срцата нивни да ги вселам
Да објаснам за од умовите нивни да бидат сфатени
Горе на тронот, со жезло в раце и круна на глава
Седи врз белиот лотосов цвет со илјада листа
Возгордеан и со копнеж за вечна памет и вечна слава
Опиен од моќта продава демагогија најчиста
Со него се поистоветени сите негови верни робови
Тој е што се поклонува и нему му се поклонуваат
Му креираат златни телиња надземните гробови
И најмилото во негова чест го убиваат и силуваат
Во едната рака држи срам и сомнеж, во другата страв
На градите има знак од бес, лутина, огорченост, гнев
Срцето го исполнува со вина, тој и кога е крив е прав
Невиноста ја убива со измислен примордијален грев
Со ноктите врз срцето прави длабока невидлива трага
Волчјаците негови во гркланот твој крвожедно се забодени
Во остри ножеви ги претвора солзите на еонската тага
И ќе те болат се’ додека вистините не бидат ослободени
Во меѓувреме тој во страдањето те заљубува и ти уживаш
Додека тој се устоличил на тронот опиен во својата моќ
А ти долу се обидуваш од глупоста и бедата да испливаш
И својот најсветол ден го доживуваш како најмрачна ноќ
А тој со безбројни желби тебе секојдневно те манипулира
Со илузии, фантазии, соништа те држи под јака контрола
И се’ додека не му ги оствариш, не те остава на мира
А последиците од неговата игра тебе до срце те болат
Преку разни страсти почнува да те заблудува и заведува
И во секоја твоја мисла, збор и дело тој сака да доминира
И плодот на секоја твоја жртва тој сака да го поседува
Секој чекор кон светото во тебе најсуптилно го саботира
Тој е левата рака на судбината и чуварот пред капијата
Тој е огнот во пеколот и детергентот во чистилиштето
Тој е рајот, тој е Адам и Ева, тој е дрвото и тој е змијата
Тој е кучката и романтичарот тој е убавицата и чудовиштето
Ех кога навистина би знаеле со кого си имате работа
Би ги засукале ракавите и би почнале да работите на себеси
Вака испаѓа дека јас си ја тријам крастата и џабе баботам
За лукавиот, за пеколот, за Бога и за некакви си небеси
А длабоко во срцето, во без-дната, во мирот и тишината
Таму се крие Семоќниот, Сезнајниот и Севозљубениот
Во таа мрачна влажна зандана чмае заробена Вистината
За Будниот, Совршениот, Најтаинствениот, Ослободениот
Во таа најсовршена игра на куку, мижитатара, криенка
Тој Самиот по Себеси е во постојана потера и потрага
И Тој Самиот Себеси си глуми и светлост и сенка
Паднат ангел кој се тера Себеси џенем и до врага
Откриен Си, О Ти Беспрекорен Севозвишен Чудо-Творецу
Откриен си како светло сонце пред јасна месечина
Откриен си О Ти лукав его лудаку и вечен его борецу
Во играта во која глумиме возрасни ние малите дечина
Ако ви речам
Ако ви речам дека сте богови, дали ќе ми поверувате
Ако ви речам дека сте робови, дали ќе ми се налутите
Ако ви речам дека самите страв в коски си втерувате
И ако сето тоа на вас ви го докажам, дали ќе заќутите
Ако ви речам дека не сте луѓе, туку духовни битија
Дали тоа ќе промени нешто во вашите срца и умови
Ако ви речам: себеоткривањето е над сите откритија
Дали тоа вашето внимание на момент ќе го улови
Не верувам, вие и натаму ќе останете во мајата
Бидејки нема да поверувате во ова што го зборувам
И ќе продолжите да ја сркате животната супа бајата
Независно колку пати сево ова да ви го повторувам
На крајот останува фактот: мора да искусите, доживеете
Без лично свесно искуство нема ни љубов ни вера
И кога свесно над самите себеси ќе почнете да бдеете
Тогаш сега и овде ги замени вашите утре и вчера
Навистина не е битно што јас или некој друг ќе ви речи
Битно е дали длабоко од срце копнеете по самите себеси
И нема сила на светот што тој копнеж може да го спречи
Од најниските пеколи да ве понесе во највишните небеси
MiB (I got respect for man in black)
Постојано се среќавам со лукавиот и неговите жртви
И со милоста Божја се обидувам понекоја да спасам
Да ги избавам пред да станат емоционално мртви
Господе прости ми, понекогаш доцнам, понекогаш вјасам
Очигледно често премногу барам и премногу сум строг
Јас психотерапевтот, јас исцелувачот, спасителот јас
Не знам дали понекогаш несвесно играм улога на бог
Да, и тоа го правиш чедо мое, вели внатрешниот глас
Не спасувај никого кој од тебе не бара да биде спасен
Не се мешај во ничија туѓа карма самоиницијативно
Таквиот пристап и за тебе, а и за него е многу опасен
Страдалниците стануваат зависни од страдањето нивно
Улогата на жртва е многу комплицирана и интересна
Жртвата го сака мачителот свој, својот егзекутор
Таа ужива во мачењето и за тоа воопшто не е свесна
Усмртувачот на нејзиното срце го доживува ко тутор
Тоа е слично како зависноста при давањето на крв
Крводарителот едвај чека шест месеци побрзо да минат
Иглата кај него предизвикува климакс, екстаза, врв
А потоа се чувствува батисан, калдисан, папсан, скинат
Улогата на маченик и мачител е улога на трактор и бара
Моќта на жртвата, колку е тоа на лукавиот опасен трик
Деструктивната игра и на двата толку многу им одговара
И оној кој ќе ги соочи со тоа на крајот е негативен лик
Всушност, тоа е мојата улога, психотерапевтот психолог
Јас ги соочувам нив со нивната глупост и нивната беда
Човек кој во работата внесува посебен енергетски влог
Кој исцелува стара и превенира нова емоционална повреда
Мене лукавиот ме доживува како непријател смртен
Мене ми се фрла да ми ги ископа очите, да ми скине глава
Со сета своја деструктивна енергија на мене е свртен
Над гробот сака да ми пее “вечна му памјат и вечна му слава“
BROKEN HEART SYNDROME
Луѓето се многу интересни боженствени феномени
Луѓето се манифестација на врвот и на дното
Луѓето се појави сместени во простор и привремени
Луѓето се маѓиски спој помеѓу доброто и злото
Не, јас нема да продолжам за луѓето да пишувам
Тие не се цел на мојава ноќна емоционална експресија
Јас сум тој што во збор го претворам она што го вдишувам
Јас сум проколнатиот расколник и распнатиот месија
И не знам зошто повторно ви се обраќам вам
Имагинарни битија, кои ве сметам за мои читачи
Би сакал она што го имам од срце да ви го дам
О меѓуѕвездени сребрени летачи, о овоземни питачи
Овие зборови кои се обидуваат смисла низ искуство да стекнат
Сакаат да ме објаснат мене, онаков каков што сега и овде сум
Јас сонувачот возгордеан, истопорен и покорно пред Бога клекнат
Јас човекот, проекцијата на универзалниот боженствен ум
Секојдневно се среќавам со души на Патот заталкани
Една од нив, логично се подразбира дека, сум и јас
Налетвам на срца скршени и умови со незнаење извалкани
Робови на лукавиот што вриштат за помош, за спас
Мене Господ сепак ми дал тро милост, разбирање и вид
Тро мудрост да го откривам несвесното во самиот себеси
Доволно сила да го разурнам сопствениот Кинески ѕид
И исконски копнеж за лет во внатрешните божји небеси
Не знам зошто, ама мене ми е дадено со ова да се занимавам
И не знам дали е проклетство, благослов или нешто друго
Знам само дека од срце со чиста љубов сево ова го правам
И со свесност на секоја душа и’ помагам да го затвори круго
Животот е тркало, под теретот на кармата искривено и скршено
Живеењето на Мајкава Земја е траги-комедија, неостварен сон
Постојано враќање по она што останало неисцелено и недовршено
Пуста желба и трка на умот по круна, по жезло, по највисок трон
Во таа сеопшта трка по лажни вредности – моќ, пари и секс
Телата исцрпени малаксуваат, а умовите просто полудуваат
Затоа што животните сокови ги испиваат набрзина и на екс
Додека болките од неуспесите длабоко в срце ги закопуваат
И забораваат на Она што во длабочините на срцето човеково спие
Забораваат за сопствената вистина, својата боженствена природа
А токму Тоа секоја душа на Патот неминовно мора да го открие
Бидејки без Него секој човечки живот станува само лук и вода
Оние коишто свесно тргнале на Патот по кој поретко се оди
Знаат што значи сево ова што сега и овде го пишувам јас поетот
Секоја душа што копнее од канџите на лукавиот да се ослободи
Знае дека предуслов за живот е смртта на живеењето во светот
И знам дека овие писанија на некои ќе им звучат неповрзано, лудо
И не очекувам од луѓето да бидам потполно разбран и сфатен
Бидејки смртта во нив не може да верува во бесмртност, во чудо
А само со чудо неверникот во верник може да биде преобратен
Затоа и насловот на песнава е синдром на срцето скршено
И потребно е ЧУДО за срцето повторно да биде исцелено
А лукавиот успешно работата своја си ја има завршено
Со тоа што стравот и сомнежот во храмот божји ги има вселено
И собира на Патот прашина, емоционален багаж, отпад нуклеарен
Наместо мудрост и љубов во срцето глупост и беда трупа
А горе во умот планот за животот останува пуст сон неостварен
Додека во усните се чувствува сал отровот од пилешката супа
Ве молам не напрегајте се да ја разберете логиката на оваа песна
Бидејки таа е кондензирано искуство, животно и професионално
Доказ дека љубовта секоја работа ја претвора во воздишка лесна
И дека свесноста за себеси е лек којшто делува универзално
Би сакал ова писание да биде јадица и поттик за душите на Патот
Да тргнат во потрага по она што е не-видливо и не-сфатливо
Што поскоро, бидејки смртта отчукува во сказалките на сатот
А во нас останува завиено ОНА ШТО НАВИСТИНА Е ЖИВО
И како што реков ...
Долго и длабоко во срцево свое поетот го имав потиснато
Бидејки рани од претходни љубовни искуства исцелував
И последниве години бев како пиле гаќесто испокиснато
Се криев, се таев, ме немаше, нити постоев, нити делував
И одеднаш повторно во мене се разбуди таа, маѓијата божја
Се појави одненадеж, неочекувано, како што само таа знае
Бликна со сета своја подземна моќ од срцевите ми подножја
И ме преплави кo река која потопува се’ и за ништо не се кае
Ме фати непендек, неспремен, набрзина, в тесно, неочекувано
Ме дрмна ко гром од ведро небо, ко татнеж од подземен екот
Срцево копнееше свесно, знаејки дека без неа е недоизлекувано
Долго по неа, по живата вода, жеднееше во мене мажот,човекот
Не си ни едно, ни друго, ако со неа не ти се навадени корените
Не те бива за ништо, ако таа стоплата боси не ти ги накваси
Жалосно е што на неа заборавиле срцата на мажите и на жените
Се’ додека еден ден еонската тага очите со солзи не им ги нараси
Таа срцата нивни ко лешници ги распарчува, ги дроби, ги крши
А во умовите предизвикува в-чудо-не-виденост, конфузија, страв
И откако својата работа со елеганција ќе си ја одработи и заврши
Краставиот жабец го трансформира во принц, а глушецот во лав
О ти сило боженствена којашто ми го маѓепсуваш срцево лудо
О ти прекрасна убавино што стихови од врвовиве на прстиве сееш
О ти енергијо што од баналното секојдневие креираш божје чудо
О ти врела брановидна леснотијо што однатре душава ми ја грееш
Ти се радувам како дете на насмеана мајка, како цвет на пчела
Среќен сум што ко утрински сончев зрак врз срцево мое слета
Очиве мои ко разиграни птици во небесата божји градат седела
Телово ми е нафора, а крвта вино, спремен сум за литургија света
Изгори ме и искали ме, о љубов, во твоите подземни пеколни огништа
Натопи ме, о љубов, со твоите небесни предсказанија и привиденија
И нека вистината и милоста Твоја целиот мрак во мене го поништат
О љубов, еве, ти се предавам, судбинава моја ти место мене измени ја
Спремен сум повторно цехот со крвта своја свесно да го платам
Спремен сум Господе одговорно теретот свој на рамо да си го земам
Спремен сум О Боже јас расколникот повторно да се преобратам
Бидејки сум свесен дека освен Патот на љубовта, јас друг пат и немам
Subscribe to:
Posts (Atom)