знам дека што и да речам сигурно ќе згрешам
знам дека сето тоа веќе одмана е издебатирано
затоа е најдобро во овие работи да не се мешам
бидејки безброј пати си се имам изиритирано
знам само едно - секоја его идентификација е лажна
па сепак - е нужна за опстанокот во материјалниот свет
но опасно е ако е несвесна и премногу снажна
бидејки станува тежок оков наместо небесен лет
и освен ова нема повеќе за симболиката да ви дробам
ќе го молам бога да ни помогне да се срeдиме
а јас да си го смирам умов свој ќе пробам
а животот и смртта ќе покажат колку вредиме
1 comment:
Thanks
Post a Comment