Thursday, April 10, 2008

Дијалог со Бога

Кај и да одам, пак Тебе ти се враќам
Што и да правам, постојано со Тебе сум
Иако често нити те љубам, нити пак те сфаќам
Со срцево повредено и заблудениов ум

А Ти, стоиш мирно во тивката длабочина
И постојано ме поткрепуваш, што и да решам
Со љубовта Своја ја разблажуваш мојта горчина
И ме поучуваш тогаш кога по Пат ќе згрешам

Како мало дете, о мајко, ме тешиш и ме галиш
И за рака по патот, о татко, ти ме водиш
Со љубов успеваш болката да ми ја намалиш
А со мудроста своја од заблуда да ме ослободиш

А јас сум упорен во својата глупост и беда
Моето лудило и незнаење се од невидени размери
Затоа одново себеси си нанесувам нова повреда
Тешејки се “Знам дека Творецот ќе ме разбери.“

Свесен сум дека трагам по самиот себеси
Со овој немирен ум и со ова срце повредено
Не ми успева да се скрасам во внатрешните небеси
Бидејки егото свое сеуште не го имам победено

Многу карма имам од животите претходни
И не знам што допрва на Патот ме очекува
Во последно време правам обиди бесплодни
Ум да си смирам и срце да си излекувам

Да се скрасам никако не ми успева, о Боже
Силата никако не можам да си ја соберам
Зато молам за милост, милост ако се може
До некое женско срце барем тро да се доберам

Повторно се спремам џенем одовде да фатам
Таму кај братот, преку другата голема бара
Убеден дека дека Патот до Тебе ќе си го скратам
Или пак прам како што на лукавиот му одговара

Не знам, поучи ме, поведи ме, покажи ми, О Боже
Јас сум сепак само твое дете изгубено, заталкано
Се надевам овој напор нема да биде залудно вложен
Сакам да го исчистам она што го имам извалкано

No comments: