Thursday, April 11, 2019

ода на глупоста


не мислев дека со ова на старос ќе се занимавам
сонував куќа со базен, имав свој American dream
сакав да живеам и со професијата да си се бавам
господе, прости ми мене, стариот пичкин дим
најмалку сум сакал во политиката да се мешам
знам дека таму има премногу подлост и зла скрб
многупати збунето по слепоочницата се чешам
свесен дека можам да завршам со нож забиен в грб
с’изнагледав и с’изнаслушав глупости на тони
се чудам како сеуште мајката земја ги крепи
ова што го прават не беше било со еони
ќорите и денденес водат милиони слепи
глупоста е репер за успех и за напредување
најдобра препорака е да си ретардиран
мудроста и љубовта овде се на боледување
само ако си глуп имаш шанса да си биран
постои инклузија на глупоста во секоја пора
мороните владеат со мајковината и татковината
уништуваат се’ и се разбира на сето тоа згора
без око да им трепне врз мене ја фрлаат вината
а во мене одамна ептен е попизден ѕверот
затоа без цензура го постирам неговиот гнев
неговиот крик слободно го пуштам во етерот
иако знам дека на душава моја си чинам грев
господе прости ми што и вечерва глупоста ми е тема
наместо љубовта и мудроста од срце да ги пропагирам
глупоста многу долго од мене данок во крв зема
бидејки умов мој збеснат никако не мом да го смирам
не можам и не сакам молкум сево ова да го гледам
бришење на народот, јазикот, државата, идентитетот
не можам и не сакам со скрстени раце да седам
додека глупаци ме претставуваат мене пред светот
се’ додека сум жив со таквата стока ќе се борам
и нема да дозволам да го сквернават моето име и род
господе, прости ми, ако згрешам нека изгорам
дел од мене сака да им го избрише и генетскиот код
знам, овие глупаци на власт се предизвик и искушение
тие се одблесок во огледалото на мојот несвесен его ум
за глупоста нивна, мудроста моја нека ми е утешение
тие се пречка и поттик да бидам подобар од шо сум
од тебе господе постојано барам некаков знак
истовремено сакам да простам и да ликвидирам
нити за едното, нити за другото сум доволно јак
нити пак можам збеснатиов ѕвер да го смирам
ич не ми е страв да умрам за мојте идеали
баш ме боли шо мислат глупите кретени
јас сеуште сум една од оние ретки будали
на кои само љубовта може срце да им плени
а мудроста да ми го восхити умот жив
и во мене да покрени енергија силна
тогаш духот мој е спремен во еден здив
да ја збрише од тука сета стока дебилна
време е тука да завладее вистината
време е глупоста да си замине во минатото
време љубовта да не’ води во иднината
време е мртвите птици да го напуштат јатото
9-ти Април, 2019-то лето Господово

No comments: