Thursday, April 13, 2017

Шоу маст гоу он

Се палат светлата над накитената бина
Прштат лажни насмевки на сите страни
Се полнат месни заедници и бивши кина
Ефтини глумци играат улоги недоиграни


Долу од партерот гледачите ракоплескаат
И размафтуваат со знамиња во илјада бои
Партиските пароли френетично ги врескаат
Нашата партија власта МОРА да ја освои

Излегува на сцената долгоочекуваната фаца
Зад него се распоредува и неговата свита
Ноевата барка изгледа ко бродо на Паца
Волели смо, волимо и волеќемо друга Тита

На робјето робовладетели им се нужни
На селаните земјопоседници им требаат
А на работниците оние за народ заслужни
За фабриките да ги опљачкаат и погребаат

А денес, денес истите тие пак се на бината
Денес продаваат демократска надеж
Денес медиумски ми ги отекуваат мадината
Меѓу нозеве чувствувам силен јадеж

Се чешам ко краста да имам фатено
Ко не дај Боже од оние “стидне ваши“
Ко некоја карма да имам недоплатено
Опасно е, не знајш, а сите се наши

Па сепак, морам да се пазам од нивните
Сандуци туркаат баш ко не очекуваш
Најгадни се оние на секому кивните
Раните нивни не мојш да ги излекуваш

А шоуто, разбира се, да продолжи мора
И откако рефлекторите ќе бидат изгаснати
Публиката секогаш паѓа на истата фора
Јеби га, кој им е крив, ко се недораснати

И кога завесата на крајо ќе се спушти
Остануваат ветувања, изгужвани памфлети
Не смее ваква претстава да се пропушти
Тврдат статистите и разголените старлети

ПРОСТЕТЕ

Но, јас сум ги гледал сите епизоди и репризи
И мене шоуто навистина не ми е интересно
Засега добро се носам со својте животни кризи
И во шоуто да не учествувам ИЗБИРАМ СВЕСНО

No comments: