Thursday, April 13, 2017

Глас-ање

Од сабајле татко ми и мајка ми не спијат
Се спремаат на новите избори да гласаат
Се пеглаат, се дотеруваат и заби си мијат
Енергично кон гласачкото место вјасаат

А мене нешто од сабајле однатре ме тишти
Некој незадоволен дел не ми дава да станам
Некое крвожедно чудовиште урла, вришти
Не можам да го зауздам и да го вјанам

Толку многу тој лутко на светов и веков видел
И му се скурчило од очигледната фарса
Никој досега да му објасни не се ни обидел
Зашто су жене са Венере, а мушкарци с Марса

Господе, секој од нив ветува разни благодети
Секој од нив е спремен да ја исправи крива Дрина
О Господе, ги сакам златните телиња и кравите свети
Ги сакам оние што немаат срце, ‘рбет и мадина

На лотариски ливчиња ги трошат нашите пари
Гладните за власт, лакомите за моќ, слабите
Оние што следните 4 години ќе бидат господари
Спремни да ти ги скршат ребрата и забите

Смачено ми е од овие властољубиви дебили
Ги сакам, а не можам појќе да ги гледам
Го задржувам ѕверот со последните сили
Ако го пуштам, себеси и нив ќе ги повредам

Отстрана ја набљудувам толпата, простата маса
Убедени се на овие избори ќе победат нејзините
И сеуште верува, се надева и затоа гласа
Дека од црвените, сепак подобри се сините

А мене, мене одамна се’ ми е преку таквото
Се’ ми е искусено, се’ ми е веќе видено
Само чекам да рокниме долу на дното
Бидејки се’ у три лепе пичке материне е отидено

Тие од мене да бидам покорен граѓанин очекуваат
Да ги пратам нивните опшествени текови
О Господе Боже, таа болест не можат да ја излекуваат
И најсилните психофарматски лекови

Јас сум болен од болеста наречена слобода
Јас имам слободна волја и токму таа ме боли
И свесноста дека сето ова е лук и вода
Затоа не сакам никој памет да ми соли

Ги видов и првите и вторите и третите
Сите досега Господе ги видов на збор и на дело
Од глупостите нивни очигледни се штетите
Гадно е кога размислуваш свесно и зрело

Свесен сум Господе за причините и последиците
Од она што го мислам, зборувам и правам
Опасни се по мене на умов мој остриците
Во крвта своја, заради него ќе се удавам

О Господе, знам дека се различни, а во основа се исти
И оние бившите и овие сегашните и оние идните
Лажните човеци, лажните комунисти и националисти
Заедно со сервусите, илирите, хелините и монголоидните

Сите ги фураат своите стерилни его трипови
И кур ги боли за слабите, за немоќните, за скршените
Битно е на YouTube и TВ да се вртат нивните клипови
О Господе, колку ли зла крв им тече низ вените

И одново и одново и одново бесрамно се борат за власт
За мантијата, за жезлото, за тронот, за круната
Многу добро ја познавам крвожедната им страст
На оние чиј табиет им е волчји, а овчи им се руната

Of course, дека изборите ќе ги набљудуваат странци
Нивните служби одамна го имаат освоено терено
Само ние МАКЕДОНЦИТЕ тука сме ко изгубени Германци
Додека тие од гла до петици за ќур не имат измерено

Уше око ко ни фрлија, тие веќе ни зедоја мерка
То шо нашиве продаени души глумат лудило е друго двајсе
На буниште без петел секој мој да биди ѕверка
Е сега бе тетин, ај во моја МАКЕДОНСКА позиција клај се

Евреино ти мафта со двоглавите орли, ММФ, ООН и НАТО
Имаш кандидатски листи со неиспишани дијагнози
Имаш 400 000 одлетани птици од младото јато
И купишта импотентни јарци и фригидни кози

И сите тие ти нудат ДЕМОКРАТИЈА, ПРОМЕНА, ПРОСПЕРИТЕТ
Сите тие те убедуваат дека утре ќе се оствари кировата оаза
Утре ќе бидеме дел од Европа, од таканаречениот западен свет
О Господе Боже, пред сево ова се чувствувам ко tabula rasa

А шо е најлошо, свесен сум дека оваа песна е моја регресија
Враќање во ’91-ва, во времето на бившата југословенска федерација
Во времето на лудило, распаѓање, војна и рецесија
Во времето кога НАЈМНОГУ ЗГРЕШИЈА ЛИДЕРИТЕ НА МОЈАТА НАЦИЈА

Оваа моја песна исто како тогашните ми звучи
Со ист цинизам, ист бес, иста острина ја пишувам
Знам дека за ова не се криви политичките глаучи
Знам дека сега и овде сум избрал од доброто да се лишувам

Но, како и тогаш така и сега, нешто однатре ме јади
Истиот црв не ме остава на рајат, пак се повампирува
Ај ќе речам тогаш можда бевме и луди и млади
Ама шо сега, зарем времето работите не ги смирува?

И знам дека кога однатре ќе ми се разбесни ѕверот
Не ќе да е на арно, работите на удолу ќе тргнат
И јасно ми е дека еден ден се’ ќе биде одвеано од ветерот
Сакам позитивните мисли ова претчувство да го оповргнат

Никогаш појќе нема да гласам за криминалци
Ќе чекам да се појави водач што ќе заслужува внимание
Глупо е да очекуваш максимум од минималци
И благопријатност од нечие отровно дејание

Подобро е да умрам борејки се за своите идеали
Подобро е на своите етички норми да сум доследен
Се чувствувам како една од ретките будали
Што е спремна да остане ко Мохиканец последен

ВЕ МОЛАМ НЕ МИ ВЕТУВАЈТЕ РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ
ВЕ МОЛАМ НЕ МИ ВЕТУВАЈТЕ ДРЖАВАТА ПРЕД СЕ’
СЕ’ ДОДЕКА ДУШИТЕ ВО БОГА НЕ ВИ СЕ УДОМЕНИ
ЈАС ЗНАМ ДЕКА ВАШЕТО ДА ЗА МЕНЕ ЌЕ ЗНАЧИ НЕ

Роб сум на моите убедувања и ставови
Јас сум верник и македонски националист
Соочен со изворот на сите сомнежи и стравови
Одамна го имам свртено другиот лист

Затоа не сум дрво листопадно, туку зимзелено
Вечната младост, вечната убавина, вечната милост
Длабоко во срцето и во умот ми се имаат втилено
И ме боли кога пишувам за македонскава гнилост
 
Ме боли Господе и затоа на себеси и на нив сум бесен
Ме боли гревот, ме боли лагата, ме боли вистината
Мислев дека болката ќе престане станувајки посвесен
Мислев дека оваа болка одамна е веќе надмината

Мислев дека фрквенциите во етерот нема да делуваат
На мојов силен его ум, на мојава свесност и свест
Сфаќам дека отровните јазици со јадри усни ме целуваат
Сфаќам Господе, сфаќам и нека им служи на чест

Ќе владеат повторно слабите, немоќните и бедните
Ќе владеат подмолните, злите, лакомите и завидливите
Ќе владеат бездушните, себичните и безвредните
Повторно мртовците ќе не‘ надвладеат нас живите

Па сепак, не им се лутам сега како некогаш
Бидејки знам дека секој кармата ќе си ја плати
Знам дека не можат да владеат засекогаш
Оние што мислат дека се живи, а умираат на рати

Чудно е како што пишувам станувам помалку бесен
Поезијава за мене е еден вид психотерапија
Пред себеси и пред Бога сум искрен и чесен
Пишаниов збор е потпис и печат врз мојата тапија

Тука нема преправање, глуматање и лага
Она што го чувствувам тоа и го пишувам
Свесен дека во етерот оставам длабока трага
Со секој здив што го вдишувам и издишувам

И повторно ќе речам ПРОСТЕТЕ МИ МЕНЕ ГРЕШНИОТ
Јас сум сепак само уште една вејка на ветро
Господе, помилувај ме и утеши ме мене неутешниот
Пред да ме проголтаат оние две на метро

No comments: